Жан, искрено незнам што би барал некој кој нема појма од електроника и глобално физика на форумов. И јас би сакал да поправам заби ама не сум стоматолог.
Некои имаат желба, ама не знаат од каде да почнат. Форумов го нуди тоа... до одредена мерка. Не може да замени стручна литература, но може да им помогне на оние кои сакаат да навлезат во електрониката и техниката по „безболно“ да го направат тоа
.
Ама пак од друга страна некој кој незнае што е омажа, импеданса, децибели, ку фактор резонантна фреквенција и уште едно чудо работи, нема што да се обидува да прави звучници нити пак ќе разбере што пишува во книгата.
Има некои членови, едноставно сака да си направи звучна кутија... не му е важно каква е, дали работи како што треба, по пресметки, формули, итн. Едноставно има слободно време и сака да си направи звучна кутија. И еве, на пример, не знае што е ни импеданса, ни фреквентна карактеристика, ни Q фактор, ништо не знае... ама ете, има желба. И не се ни интересира нешто многу да научи, едноставно ќеиф му е, ете така, сака да направи. Знаеш она како иде она, знам дека благо дебелее, ама ете, ми се јаде... едноставно ми се јаде и ќе одам да си купам. Така од прилика му доаѓа муабетот. Не секој сака да навлезе во науката, некој едноставно сака онака, од време на време да си ја практицира како аматер/хобист и ништо повеќе од тоа. И нема што да му се мешаме во неговите одлуки, он така сака и тоа е тоа, не сака да навлезе подлабоко во науката, едноставно не го интересира доволно, но сака да си ги проба практичните способности. Па голем дел и од хобистите електроничари не знаат баш најточно како работи определен уред, па сепак го прават. Зошто? Интересно им е
. Хоби им е, не секој сака професионално да навлезе во определена наука. Тоа што ти и некои други луѓе професионално имаат навлезено во определени свери од техниката и електрониката, тоа е сосема друга работа. Ако сметаш дека можеш да помогнеш на некој ваков хобист, нема проблем, понуди свое решение
. Ако членот сака, ќе го прифати, ако не сака, нема да го прифати, нема што јас да се лутам. Јас сум му посочил како јас мислам дека треба да направи, а тоа дали он тоа ќе го направи или не, тоа си е негова работа.
Тоа што незнаеш дај му на тој што знае да ти го направи.
Ова е веќе сосема друга работа. Тоа е сосема трет проблем со кој се соочуваме на
работните места. Значи, да направиме дистинкција, на форумов сме доброволно и никој не не плаќа за ова. Кој сака пишува, дава одговори, отвора теми, презентира проекти, кој не сака, не мора. Форумот е отворен за сите, и за оние кои само читаат, и за оние кои активно учествуваат во него. Одлуката е на членовите, ние не можеме да им се мешаме во нивната одлука. Од кај да знам јас, можеби има определена група на членови кои немаат ниеден post, а имаат огромно знаење од определена област, но ете, сепак, поради некоја причина, одлучуваат да не post-ираат. Не можам јас да ги обвинам за тоа. Тоа е нивна одлука. Се разбира, јас би сакал да post-ираат почесто, ама не можам да ги натерам.
Во право си 100%. А за тоа што сите мислат дека се знаат, можеби има големо влијание и економската ситуација во нашата држава, но не навлегувам во тоа, сепак не е за овој форум.
Да, и јас мислам дека дел од причината за ова е економската ситуација. Знаете како викаат „сиромав човек, жив ѓавол“, за се ќе знае да се снајде, па технички гледано, од се по малку знае... е сега, проблемот е што тоа може на него да му изгледа како да знае многу.
Но, како да што пиша, да не навлегувам премногу, ова е сосема друга тема.
Од друга страна пак тоа што јас го работам и каде што ми лежи поголемиот дел од знаењето се разгласните системи. Домашни кутивчинја од 30-50-100 вати тотално не ми се интересни нит пак сум правел нешто слично веќе повеќе од 20 годни.
Епа, на форумов најголемиот дел од членовите се хобисти и ретко кој од нив има пари и време да прави PA кутии. Најчесто, прават кутиички со некои евтини звучници, 50-100W и тоа е тоа. Има и теми за PA, ама ретко кој пишува во нив од проста причина што... тие коштаат многу пари :S.
Нека згрешат,еднаш двапати и нека научат нешто.
И јас апсолутно се сложувам со ова, и јас најдобро имам учено од грешки. Од теорија, но и од грешки. Мораш да згрешиш за да научиш, тоа е процесот. Сите сме последица на нашето минато, поточно на нашите грешки
.