Author Topic: Засилувач за компјутер??  (Read 1461 times)

Offline edo_cesc

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
Засилувач за компјутер??
« Opened on 25.11.2013, Monday, 21:09:39 »
Имам два звучника 40 W/8omi  сакам да направам појачало за нив поздрав.ако има некој нека каже ми треба готова шема

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Засилувач за компјутер??
« Reply #1 on 25.11.2013, Monday, 22:34:42 »
Најлесно е да направиш со TDA2050 кој ке даде 22W на 8оми. Можеш да го направиш со симетрично напојување +/- 22V или пак со +40V. Еве ja документацијата на чипот:
Code: [Select]
http://www.st.com/web/en/resource/technical/document/datasheet/CD00000131.pdf

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Засилувач за компјутер??
« Reply #2 on 25.11.2013, Monday, 23:37:02 »
Едо,ова ти е втор или трет пост во кој бараш појачувач!! Не гледам логика кога ти пишав и дадов електрична ,монтажна шема и нацрт за плочка со TDA 2052 ,ти прашуваш колку вати е иако има се во прилог!? Ако не е јасно кажи и пиши,конкретно те прашав - со интегралци да биде или со транзистори,со какво напојување располагаш итн.Значи кажи што бараш.Ние може да даваме предлози ,ама повратен одговор од тебе нема. Изјасни се што сакаш,па да бараме решение.Ние сакаме да помогнеме,бидејќи си очигледно почетник.Малку похрабро.

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
Одг: Засилувач за компјутер??
« Reply #3 on 26.11.2013, Tuesday, 11:42:30 »
Ако си решен пријателче да правиш види што има по форумов ако нешто ти се свиѓа  почни го тука сме да помогнеме.Прво ти требат јаки звучки а после и јак засилувач не ти треба повеке од 2 по 30вати е сега ако сакаш диско да правиш тогаш 2 по 100вати минимум.Што и да почнеш да правиш ти треба да имаш некое пред знаење да не биде на ветер работава направи нешто за почеток по просто со некој ИК со малку делови.

Offline edo_cesc

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
Одг: Засилувач за компјутер??
« Reply #4 on 26.11.2013, Tuesday, 12:37:35 »
Едо,ова ти е втор или трет пост во кој бараш појачувач!! Не гледам логика кога ти пишав и дадов електрична ,монтажна шема и нацрт за плочка со TDA 2052 ,ти прашуваш колку вати е иако има се во прилог!? Ако не е јасно кажи и пиши,конкретно те прашав - со интегралци да биде или со транзистори,со какво напојување располагаш итн.Значи кажи што бараш.Ние може да даваме предлози ,ама повратен одговор од тебе нема. Изјасни се што сакаш,па да бараме решение.Ние сакаме да помогнеме,бидејќи си очигледно почетник.Малку похрабро.

почетник сум ми треба појачало над 20 вати.со интегралци да биде.напојување немам никакво и за тоа ми треба шема.трафо ке купам не е проблем само мене ми треба готова шема со се напојувањето.фала

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Засилувач за компјутер??
« Reply #5 on 26.11.2013, Tuesday, 13:26:20 »
Бидејќи имаш исто поставено прашање на неколку места,одговорот и шемата за симетричното напојување го ставив на една тема.Шемата е во принцип иста за сите појачувачи,освен кога ке се определиш за некое појачало,да ти кажеме колкаво треба да биде трафото со напон на секундарот.

Offline edo_cesc

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
Одг: Засилувач за компјутер??
« Reply #6 on 01.12.2013, Sunday, 18:17:37 »
Бидејќи имаш исто поставено прашање на неколку места,одговорот и шемата за симетричното напојување го ставив на една тема.Шемата е во принцип иста за сите појачувачи,освен кога ке се определиш за некое појачало,да ти кажеме колкаво треба да биде трафото со напон на секундарот.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9710.0 се определив за ова сега може да ми кажеш за напјувањето како треба.готова ми е плочката уше напојување ми треба позз

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Засилувач за компјутер??
« Reply #7 on 01.12.2013, Sunday, 20:44:42 »
Штом си се определил за тој засилувач, нема што да прашуваш во оваа тема, прашај си во таа, а и во таа тема го имаш поставено истото прашање. Почекај, некој кој го има направено засилувачот ќе ти даде одговор.

Бидејќи веќе си се определил за некој засилувач, темата се заклучува.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."