Author Topic: Димензии за мали бас рефлекс кутии  (Read 9140 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
јас како што знам не е проблем да се пресмета колкава треба да е голема кутијата него проблем е да ги најдеш карактеристиките на драјверот што (јас како што знам) во македонијава тешко да ги најдеш, а за некој по евтин драјвер нема шанси такво нешто да најдеш...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Ок е тоа но која е поентата да правиш кутија од тепка со драјвер кој немаш појма дали воопшто е наменет за кутија каква ти имаш намера да правиш?
Значи ефтин драјвер кој незнаеш каков е. Кутија од тепка за истата и резултатот е во најмала рака никаков.
Значи си ги фрлил и тие малку пари што си ги имал.


Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #17 on 25.11.2013, Monday, 22:25:07 (Edited 25.11.2013, Monday, 22:28:05) »
Со евтин драјвер, прави си компресиона кутија, бидејки и онака не треба да се очекува добри параметри од тој звучник.
Сепак Марјан, луѓево ги делам на 2 категории: музички глуви (едноставно доста е да му се дере звучникот и за него тоа е добро!) и слушатели (сакаат квалитет на звук)
Такада едниве сакаат да направат евтина канта од звучник, а другиве би ги дале сите напори за да направат најдобра кутија што можат. Такада форумов е за сите категории а не само за истомисленици. На крај краева светот е шарен ;)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #18 on 25.11.2013, Monday, 22:40:45 (Edited 25.11.2013, Monday, 22:48:22) »
а јас исто така ги делам луѓето на две категории... и тоа на луѓе што се трудат да направат нешто добро, макар и неуспешно, па второто ќе биде поуспешно, затоа сме тука да помогнеме сите, и луѓе што се арогантни, кои го омаловажуваат форумот и администраторите и кој не ги почитуваат правилата, е таквите мислат дека знаат све а на крај краева ќе испадне дека баш тие појма немаат.
Таквите според мене се дилетанти на овој форум
извинете за офф топикот
Hams do it! With Frequency

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Со секоја почит Марјан но  неможат сите и ,незнаат  сите како тебе да пресметуваат  параметри  ниту патувале (ментално и искуствено) за да го достигнат нивото како што си го направил ти , а далеку од тоа дека сите тука по форумов имаат пари да купат  проверени драјвери со познати параметри и да прават кутија што ќе звучи добро ,тотално ја промашуваш поентата .
А ако е така како што зборуваш ти , нема потреба да купуваме  ефтини драјвери и да се трудиме  воопшто да правиме било што ниту да се радуваме на нашата прва творба од звучник или експеримент.
Право во продавница сите и да си купиме готов ,измерен, проверен звучник  а мерењата да им ги оставиме на професионалците кои се знаат и умеат се .
 А како професионалците како тебе на пример стигнале до таму ?  Можеби  професионалците биле предодредени и родени со целото тоа знаење  ,не правеле грешки ниту експериментирале , тие купуваат само   бренд звучници со проверени параметри и прават од прв до последен звучник Ремек дела . ( ветер во магла е така  )
Имам едно прашање за тебе Марјан и мислам дека ќе ги интересира сите тука.
Какви се твоите почетоци во однос на звучните кутии
Да не си почнал случајно да правиш со квалитетни драјвери со познати параметри или дирекно си  се вработил во фирма за високо квалитетни звучници или попат до совршенството  како да си заборавил што значи да се радуваш на својот скромен и прв проект и да  го покажеш на другар, другарка  или да го слушаш со друштво без разлика дали си ги измерил параметрирте и си го извадил максимумот од звучникот.
Забораваш дека некои  на форумов се почетници ( без навреда ) и немаат поим како да изработат звучна кутија така да конкретен пример и ориентација во кој правец да го насочат својот мотив  да направат своја звучна кутија  им е добредојден а  не крути,  бескрајни  теоретизирања без конкретен визуелен и едноставен пример.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
@izotop
Секоја чест за објаснувањето, но со оглед дека на Марјан му е тешко да пишува на кирилица, како што вели му требаат пола саат да напише 5 реченици мислам дека нема да може да ти одговори
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка, неможам јас да пишувам туторијали за правење на кутии каде ќе се занемарат параметрите на драјверот кој треба да оди во кутија.

Која е поентата во тоа? Ако веќе мора да се користи ефтин драјвер, тогаш е уште по битно од него да се извлече абсолутниот максимум.
Правење на кутии одприлика е ок за луѓе на кои не им е битен квалитетот. Но сметам дека поентата на форумов не е да се прават крпеници туку да се извади максимум со дадените компоненти.

Постојат некои правила како се прави кутија. Ако ги занемариш резултатот ќе биде исто така занемарлив.

Основна работа е да знаес што сакаш да постигнеш. Кој фреквентен опсег и со која осетливост. Кои димензии ти одговараат и колку пари мислис да потрошиш.
Потоа започнува потрага по драјвер  кој одговара за кутијата што си ја замислил.

Значи има чекори кои мора да се запазат уште пред да почнес било што да правиш.
Куќа од кров не се прави, така ни звучна кутија не се почнува од правење на кутијата туку од наоѓање на вистинските компоненти. Потоа околу нив се прави кутијата.
Е ,сега ти зборуваш отприлика како мене,ама јас кога тоа го кажувам се наоѓа некој да ме побива! *Кој димензии ти одговараат и колку пари мислиш да потрошиш* Тоа е во ред! Па велиш : *Правење на кутии одприлика е ок за луѓе на кои не им е битен квалитетот* (?!?!?!?) Ова е апсолутно контрадикторно ?Па зошто ти правиш кутии??
Слидермк - поделбата ти е многу погрешна! А си размислил ли дека постојат луѓе кои знаат што е звук,а немаат пари за скапи кутии и останати тракатанци.А има луѓе кои имаат скапи елементи ,ама се тапа за звук и она што тие го сметаат за добро е само едно помодарство и ништо више.И токму тие се оние кои читаат списанија не за друго,за да дискутираат како требало да звучи нешто,а во стварност се плашат да си признаат дека во стварност се сами и изолирани. Јас би бил среќен ако барен еден-двајца членови на Форумов ги искористат моите * непознавања* и направат некоја кутија,па да кажад дали им се допаѓа звукот.Тоа ќе ги натера можеби да направат уште нешто.па да споредуваат,да мерат.Ама пак велам- добар звук е оној кој тебе те крева нанозе.И додека не погрешиш нема да направиш подобар звучник!

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Батка јас никогаш не сум рекол дека немаш познавања, а и таа категорија се однесуваше на поинаков начин, дури и богат може да биде музички глув, па да не распознае панасоник систем од ЈБЛ звучник. Башка не мора звучникот да е кујзнае колку скап, за да ти направи мерак, а и обично добрите звучници се долгогодишно инвестирање и искуство.

Ниеден звучник не треба да биде направен за 2 дена. Градбата на еден добар звучник собира многу искуство, нови идеи, а и секако многу прочитана литература. Среќа во денешно време има интернет, па многу од идеите, знаењата и истражувањата се лесно достапни.

"Колку труд и љубов ке се вложат во работата, толку делото е повредно и квалитетно"

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Мене  не ми е битно дали ти мислиш дека јас имам или немам познавања.Јас овие постови не ги пишувам за тебе,Маки или некој друг кој мисли дека има големи познавања за градба на кутиите.Ја с ги пишувам за оние кои допрва почнуваат или * нешто чуле,виделе,ама не разбрале или нема кој да им каже нешто*.Ако спрема тебе ниедна од овие кутии кои се дадени во табелите нема да свири ,направи си друга- нема никаков проблем.Ама некој кој имал 1000 ден. и скрпил некои парчиња иверка,ке проба сигурно.И верувај,ако малку добро размисли ,мери и пажливо работи ке добие некој резултат кој нема да го разочара.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Понеκогаш и не таκа битен κρајниот ρезултат, туκу побитно е дали музиκата што тие ја ρепρодуциρаат ти пρави κејф ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тоа е на прво место - затоа во светот има иљада модели на звучници .иљада производители на кутии и иљада звучни кутии.Ама. секоја кутија која сам ке ја направиш ,барем некое време,за тебе да биде најдобра - е,тоа е веќе успех!

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #26 on 26.11.2013, Tuesday, 00:12:19 (Edited 26.11.2013, Tuesday, 00:13:57) »
@izotop
Секоја чест за објаснувањето, но со оглед дека на Марјан му е тешко да пишува на кирилица, како што вели му требаат пола саат да напише 5 реченици мислам дека нема да може да ти одговори
Сакам само искрено да напише со една реченица со кои драјвери почнал да ја прави својата прва кутија . Пошто претпоставувам е со средно годиште сигурно  немал голем избор тогаш и самиот импровизирал затоа што тогаш  немало голем избор од драјвери ,којзнае каква литеретура  а да не зборувам за интернет  разни софтвери или компјутер , така да заборавил како е да немаш искуство и пари  и да почнуваш од нула а да имаш само желба , и уште да ти теоретизираат  како е исправно  да се прави кутија без да ти  помогнат .
Се извинувам за офф

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Батка, и мојата прва кутија беше копија на M-Audio BX5a а ја правев со симсоник 5 инчи звучник. Ниту ја мерев ниту ништо. Само ја склопив и ја слушав некое време. Свирам клавир, а звукот кој доаѓаше од тие напумпани звучници не ме воодушеви, посебно кога репродуцираа клавир. Решив да одам понатаму! Читав, пробував разни работи. Ги изработив со активни свртници, и добија дефиниран звук. Научив како да мерам теле-смалл параметри. Ја наместив кутијата според теоријата, и оп, засвире подобро. Не бев задоволен, научив да мерам фреквенциски-амлитудна карактеристика и останато. Прочитав многу литература, примери, направив-подобрив неколку други звучници. Повторно се вратив на истите звучници, кои всушност требаше да бидат студио монитори. Купив подобри драјвери, и го искористив целото знаење собрано предходно за да ги изработам по сите стандарди.

Ама свиреа и пред сето ова.............. :)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Од Маки и Милошевиќ очекувам барем еден добар практичен туторијал,да направите нешто ,да го образложите и да се докажете.
???   ???
Напишав и постирав добар практичен туторијал со формули и прорачуни,сум направил неколку пара звучни кутии со истите формули и правила од туторијалот,постирав мој проект за мала звучна кутија со скретница, го образложив и докажав дека само со употреба на ТС параметри може да се извади максимум од звучник.
А ти правиш све обратно,правиш кутии и скретници од око и имаш постирано туторијал од кој не може да се научи како да се направи добра звучна кутија,имаш таму само copy/paste од некои делчиња од текстови извадени од контекст,текстови што не си ги разбрал,па затоа имаш таму погрешни и нелогични ствари,да не се повторувам,пишував тогаш за тоа доволно..

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Со ова сакам да кажам дека некој што сака да прави звучник, само да скрпи и скрои 6 страни и да намести било какви драјвери во звучникот не му требаат ниту твоите нацрти ниту моите мерења. Но ако стварно го интересира да направи нешто сјајно, е тоа е веке долг и макотрпен процес.