Со секоја почит Марјан но неможат сите и ,незнаат сите како тебе да пресметуваат параметри ниту патувале (ментално и искуствено) за да го достигнат нивото како што си го направил ти , а далеку од тоа дека сите тука по форумов имаат пари да купат проверени драјвери со познати параметри и да прават кутија што ќе звучи добро ,тотално ја промашуваш поентата .
А ако е така како што зборуваш ти , нема потреба да купуваме ефтини драјвери и да се трудиме воопшто да правиме било што ниту да се радуваме на нашата прва творба од звучник или експеримент.
Право во продавница сите и да си купиме готов ,измерен, проверен звучник а мерењата да им ги оставиме на професионалците кои се знаат и умеат се .
А како професионалците како тебе на пример стигнале до таму ? Можеби професионалците биле предодредени и родени со целото тоа знаење ,не правеле грешки ниту експериментирале , тие купуваат само бренд звучници со проверени параметри и прават од прв до последен звучник Ремек дела . ( ветер во магла е така )
Имам едно прашање за тебе Марјан и мислам дека ќе ги интересира сите тука.
Какви се твоите почетоци во однос на звучните кутии
Да не си почнал случајно да правиш со квалитетни драјвери со познати параметри или дирекно си се вработил во фирма за високо квалитетни звучници или попат до совршенството како да си заборавил што значи да се радуваш на својот скромен и прв проект и да го покажеш на другар, другарка или да го слушаш со друштво без разлика дали си ги измерил параметрирте и си го извадил максимумот од звучникот.
Забораваш дека некои на форумов се почетници ( без навреда ) и немаат поим како да изработат звучна кутија така да конкретен пример и ориентација во кој правец да го насочат својот мотив да направат своја звучна кутија им е добредојден а не крути, бескрајни теоретизирања без конкретен визуелен и едноставен пример.