Author Topic: Димензии за мали бас рефлекс кутии  (Read 9139 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Бидејќи повеќемина споменаа дека сакаат пресметки за бас рефлекс кутии,еве две табели во кои се дадени готови,фабричко пресметани димензии за мали бас рефлекс кутии.Значи,доволно е го  одредите (преку параметрите на звучникот или  спрема неговата димензија) волуменот на кутијата и потоа следејќи ги податоците од табелите. да  си направите бас рефлексна кутија .

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Многу добро батка  ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Овие пресметки само кажуваат на колку херци е тунирана кутијата. Да се погоди вистинскиот драјвер за истите е сосема друга работа.
Секогаш се дизајнира кутија околу зададен драјвер. А не обратно.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Koј сака може да проба ,па да каже како поминал! Ова се податоци за нас аматерите.За вас професионалците мислам не треба,вие се сами си пресметувате. 8)

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Така е ама што се случува кога во кутија тунирана на 39 херци ќе ставиш драјвер со резонантна фреквенција од 65 херци?

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
зависи од Qts :)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Така е ама што се случува кога во кутија тунирана на 39 херци ќе ставиш драјвер со резонантна фреквенција од 65 херци?

Се случува  аматерска попара од звучник , :)  но сепак е подобро за оние што  се почетници да имаат какви такви пресметки и димензии од колку  да димензионираат од тепка

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #7 on 25.11.2013, Monday, 15:02:16 (Edited 25.11.2013, Monday, 17:02:08) »
Кутија никогаш не се тунира под резонантна фреквенција. Ќе го е** звучникот после многу кратко време пошто нема никаква контрола под резонантната фреквенција.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #8 on 25.11.2013, Monday, 15:11:42 (Edited 25.11.2013, Monday, 15:22:06) »
Пази со  изразите,не се толерира псуење и погрдни изрази на Форум! Поправи го постот или ке се брише!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Маријан, следниот пат целиот пост ќе оди во канта, ова е јавен форум и вакви изрази нема да се толерират...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Ако мислиш дека треба да бишеш ти бриши. Јас ионака немам многу време за форуми од овој тип. Башка што ми е ужасно напорно да пишувам кирилица. Така да веројатно уште поретко ќе пишувам токму поради тоа. Пола саат ми треба да напишам 5 реченици. Можеби вас ви е сосема нормално. но не и на некој кој цел живот пишувал на латиница.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Да дополнам: на Форумов имате добри познавачи на проблем ( да не речам професионалци,ама и аматерите некогаш се добри познавачи,да не се навредат) и тотални аматери кои не само дека не знаат како и што да пресметаат,туку у не разликуваат добри од лоши звучни единици.Релативно ги познаваат само кога ке се спомене цената! Значи ,оние што пишуваат постови во стил* помош за звучна кутија...* или слично,сигурно немаат ниту пак знаат за Qts и други параметри.За нивно пресметување не се ни замараат ,ниту можат да ги пресметаат.За снаоѓање со формулите видовме пример пред некое време,така што најлесно да им се помогне е да им се посочи нешто готово,видено,направено,каде грешката во пресметките ( ако воопшто ја има ) е многу занемарлива,а резултатот е потстрек да се направи нешто подобро.И сами гледате дека нема секој пари за скапи драјвери,за некои марки  итд.,па затоа да се задоволиме со она што повеќето форумџии го имаат: случајно набавени,извадени ,поклонети или купени од бувљак драјвери.И сега не ми кажувајте фреквенции,граници,тунирање,попара... Ако некој мисли дека може и знае,изволте,направете нешто за Форумов,претставете го,дајте нацрти,посочете техника за изработка и образложете теоретски,но и практично со слики и пресметки,па  сите да видиме и речеме - браво! Ова* рипање од заседа* и кажување теории,а при тоа да не се даде решение е веќе видено! Значи ,не кажувајте само теории,ами дајте нешто подобро и попрактично од она што некој го ставил на Форум.Од Маки и Милошевиќ очекувам барем еден добар практичен туторијал,да направите нешто ,да го образложите и да се докажете.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio

Ако мислиш дека треба да бишеш ти бриши. Јас ионака немам многу време за форуми од овој тип. Башка што ми е ужасно напорно да пишувам кирилица. Така да веројатно уште поретко ќе пишувам токму поради тоа. Пола саат ми треба да напишам 5 реченици. Можеби вас ви е сосема нормално. но не и на некој кој цел живот пишувал на латиница.

Дали ќе пишуваш овде или не е твоја работа, ама ако/кога ќе биде тоа ќе биде според правилата на форумот, значи на кирилица и без вулгарности, во спротивно постот ќе оди во канта, ова важи како за сите, така и за тебе...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Батка, неможам јас да пишувам туторијали за правење на кутии каде ќе се занемарат параметрите на драјверот кој треба да оди во кутија.

Која е поентата во тоа? Ако веќе мора да се користи ефтин драјвер, тогаш е уште по битно од него да се извлече абсолутниот максимум.
Правење на кутии одприлика е ок за луѓе на кои не им е битен квалитетот. Но сметам дека поентата на форумов не е да се прават крпеници туку да се извади максимум со дадените компоненти.

Постојат некои правила како се прави кутија. Ако ги занемариш резултатот ќе биде исто така занемарлив.

Основна работа е да знаес што сакаш да постигнеш. Кој фреквентен опсег и со која осетливост. Кои димензии ти одговараат и колку пари мислис да потрошиш.
Потоа започнува потрага по драјвер  кој одговара за кутијата што си ја замислил.

Значи има чекори кои мора да се запазат уште пред да почнес било што да правиш.
Куќа од кров не се прави, така ни звучна кутија не се почнува од правење на кутијата туку од наоѓање на вистинските компоненти. Потоа околу нив се прави кутијата.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Quote
За нивно пресметување не се ни замараат ,ниту можат да ги пресметаат
би сакал да го прашам батка зошто неможат аматерите да ги пресметаат димезниите, волуменот... на кутија?! може има некој што стварно добро ја разбира математиката ама е аматер во правењето звучници. дали тоа значи дека тој неможе да пресмета нешто ако ти му ги дадеш формулите за пресметување на звучната кутија?  ???
Kure je kupio novog BMW-a