Да дополнам: на Форумов имате добри познавачи на проблем ( да не речам професионалци,ама и аматерите некогаш се добри познавачи,да не се навредат) и тотални аматери кои не само дека не знаат како и што да пресметаат,туку у не разликуваат добри од лоши звучни единици.Релативно ги познаваат само кога ке се спомене цената! Значи ,оние што пишуваат постови во стил* помош за звучна кутија...* или слично,сигурно немаат ниту пак знаат за Qts и други параметри.За нивно пресметување не се ни замараат ,ниту можат да ги пресметаат.За снаоѓање со формулите видовме пример пред некое време,така што најлесно да им се помогне е да им се посочи нешто готово,видено,направено,каде грешката во пресметките ( ако воопшто ја има ) е многу занемарлива,а резултатот е потстрек да се направи нешто подобро.И сами гледате дека нема секој пари за скапи драјвери,за некои марки итд.,па затоа да се задоволиме со она што повеќето форумџии го имаат: случајно набавени,извадени ,поклонети или купени од бувљак драјвери.И сега не ми кажувајте фреквенции,граници,тунирање,попара... Ако некој мисли дека може и знае,изволте,направете нешто за Форумов,претставете го,дајте нацрти,посочете техника за изработка и образложете теоретски,но и практично со слики и пресметки,па сите да видиме и речеме - браво! Ова* рипање од заседа* и кажување теории,а при тоа да не се даде решение е веќе видено! Значи ,не кажувајте само теории,ами дајте нешто подобро и попрактично од она што некој го ставил на Форум.Од Маки и Милошевиќ очекувам барем еден добар практичен туторијал,да направите нешто ,да го образложите и да се докажете.