Author Topic: Димензии за мали бас рефлекс кутии  (Read 9107 times)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #45 on 27.11.2013, Wednesday, 18:31:11 (Edited 27.11.2013, Wednesday, 22:24:17) »
Или пишува дека сум лажел дека има само една тема за звучници отворено и еден туторијал - и ништо више!Имал тој ПРАКТИЧНА ТЕМА отворено - па таа е едина и јас тоа и ти го признав
Пак лажеш, имам и друга тема,ево ја
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11033.0
И наскоро ке понудам на продажба десетина годишта на ЕМИТЕР кои ми се вишок,со специјална цена за тебе,ак осакаш да си ги купиш со подвлечени теми каде сум напишал по нешто.Не се многу,ама да се знае.
А она за Е...ер воопшто не си го ни разбрал,батка- за жал!
Фала, не ми треба,ги имам сите годишта од 2002 до сега. Пак сумњам дека нешто си напишал,али ајде, нека ти биде.. па дај кажи кои се твои текстови,ваљда и некој друг од форумов го интересира тоа.. Знае ли некој од форумов кои се тие текстови од batka?
Не ми одговори со што и колку те потплатиле да го напишеш тоа што си го напишал,пошто ти самиот си кажа дека све што пишува по часописите е лага и везе нема со стварноста..

Она со Е..ер стварно не го разбрав..али сигурен сум и дека никој друг не го разбрал. Ќе објасниш? Има ли некој член на форумов што сфатил што букви се кријат зад тие точки по Е и пред ер? Ако има, го молам нека ни објасни на сите!

Споено мислење: [time]27 Ноември 2013, 18:37:47[/time]
Изгледа овој дел од post-от го пропушти ::).
GigaWatt,дај немој со вакви прозирни финти..
Ништо не сум пропуштил, Marjan Milosevic ти објасни, за добри резултати обавезно мора ТС параметри, а за врвни резултати мора ТС параметри плус фино тјунирање.
Прочитај што ти кажува професионалец:
Сега малку ја извртевте работава.
Значи ќе повторам уште еднаш. БЕЗ ТС ПАРАМЕТРИ ДОБРА КУТИЈА НЕ СЕ ПРАВИ.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Слушај Милошевиќ ,проблем со Маки е друг - тој сака да се истакне,а притоа премногу самобендисано и безобразно настапува,при тоа освен некои теории не дава ама баш ништо практично! Проблемот не е во  Q- параметрите: тие постојат и никој не може да ги избрише! Но ,расправијата е во друго - дали освен параметрите ,при градбата треба да се експериментира,мери ,слуша!? Значи, не толку слепо да се остави само работата на параметрите,туку и да се потпреш на своето уво и да експериментираш се додека не го добиеш звукот што ти се допаѓа.Не може никој да ме убеди дека ако ги пресметаш кутиите само врз база на параметрите,ќе знаеш што ќе добиеш однапред!? Апсурдно  е бидејќи и големите фирми прават кутии   врз база на компјутерски пресметки,па потоа група на техничари добиваат задача да ги прочешлаат и поправат сите недостатоци,односно  да добијат  звук!Значи ,применуваат разни методи,разни модели на звучници,разни типови на кутии,материјали за градба.Еве,се работат кутии од мермер- параметрите и пресметките се за дрво! И сега?Посебни програми,параметри или гатање ќе примениме? Можеме само волуменот да го одредиме(отприлика),а се друго е експеримент,проба, искуство.
А за Маки - она за розевите зајаци и Дедо Мраз за тема ли ја сметаш???  И место глупави прашања да поставуваш ,започни да мислиш малку со главата.За она Е...ер ,да ти кажам дека вицот е интересен прв пат.Кој разбра разбра, битно е ти што не разбра ништо! Толку во темава која започна сосема поинаку ,а заврши  со твое барање за објаснување.... И објаснувањето нема да го разбереш,за жал.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не навлегувам веќе ;D, толку беше од мене ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Ниту еден софтвер (колку јас што имам информација) нема појма дали материјалот за кутијата е дрво или мермер. Ниту ги зима во обзир рефлексиите, стојните бранови, можните резонанци и така натамо. Тие пресметуваат идеална кутија која не постои.
Но сепак без првични информации који кје ти ги дадат параметрите немозеш ни да почнеш пресметки за кутија.
Од расправата помеѓѕ Батка и Маки добивам впечаток дека едниот вели ТС пара метрите се обавезни (што е по мене потполно точно) а другиот вели дека параметри не ти требаат да направиш кутија за одреден драјвер.

Е сега јас навистина би сакал некој после толку години правење кутии, и незнам колку разговори и консултации водени со барем десетина инженери што работат за големи брендови, да ми објасни како тоа се прави кутија без однапред да ги знаеш параметрите на драјверот.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Еве едноставна шема како се прави ПРАВИЛНО звучна кутија (само за басот, бидејки многу е посложено за цел спектар)

Бираме драјвер со познати ТС параметри и амлитудно-фреквенциска карактеристика -----> правиме план што би можеле да правиме со тој драјвер, а што ние сакаме ----->  го купуваме драјверот кој сме го кандисале го свириме барем еден ден на средно гласно -----> повторно му мериме ТС ------> ја проектираме кутијата според новоизмерените ТС со помош на програмче (пр. WinISD) ------> одземаме волумен од драјверот и брејсингот и го добиваме конечниот волумен -----> пресметуваме величина на страните, при тоа внимаваме на кои фреквенции ке има стојни бранови и се трудиме да има што поголема разлика меѓу нив -----> ја градиме кутијата -----> правиме слушни тестови и го регулираме полнењето (доколку е компресиона), или пак мериме Fb(тјунинг фреквенција на драјверот со мерење слични како мерењата за ТС на драјверот при што ја гледаме пониската фреквенција каде има најголема импеданца) -----> сечеме или продолжуваме цефките додека не ја добиеме посакуваната Fb.

До тука сме завршиле со правењето на кутијата, и следи свртницата и местењето на другите драјвери. Тоа е многу подолг и потежок процес.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Се изморив веќе да пишувам! Седни и прочитај ги сите постови и теми до сега ,па изведи си заклучок!
Направи истоветна кутија од иверица и од мермер и стави ги истите звучници со познати параметри,па ке видиш како звучат! Исто како истиот драјвер да го ставиш во бас-рефлекс и компресиона кутија.Точно е дека софтверот нема појма каков е материјалот,ама прашање за тебе зошто користиш пример руска бреза ,а не грчка шпер-плоча?? Освен тежината и цврстината,веројатно и звукот е подруг .Ама дај да видиме некоја твоја конструкција со поефтини звучници,нацртана,пресметана па да ја направиме.
Слидермк - тоа е во ред да го прави фирма ,ама за почетници и за нискобуџетски * проекти* за една недела човекот ке се откаже од се,да знаеш.Повеќето почетници се финансиски ограничени и резонираат вака - имам малку пари ке правам звучни кутии- или- имам нешто пари ке си купам некои половни зачувани фабрички кутии.И еве еден предлог- ако некој член купи некои  драјвери,нека каже кои, се какви се нека ги опише и слика,нека даде и параметри,па ти пресметај  со параметри и нацртај  ја кутија(секако ке ги покажеш пресметките),а јас * од око* ке ја нацртам кутијата,па ако е со добра воља нека ја направи и едната и  другата варијанта

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
батка не се согласувам со она последното што го напиша, дека почетниците ке се откажеле. нема врска тоа зошто да се откаже, еве за пример ке се земам самиот себеси и јас сум почетник, немам правено кутија ама ете сакам да направам некоја, ама не било каква (универзална како оваа што ти имаш ставено нацрти) туку некоја пресметана според ТС параметрите, може параметрите на звучникот не се точни ама во глобала пак ке биде тука некаде кутија. и да јас не гледам некоја тежина во изработката на кутијата. правиш пресметки, ке однесеш на некои да ти јас направат на CNC машина и потоа ти останува само да ја залепиш.  ;) ;D и секако многу трпение.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #52 on 27.11.2013, Wednesday, 22:13:41 (Edited 27.11.2013, Wednesday, 22:16:12) »
Сето ова опишаново не би требало да ви фати повеке од една недела (ако правите вуфер).

А има и друг начин како се прави звучник од око за симсоник драјвер: зимаш вишок врата, сечеш отвор по димензија и го местиш драјверот. Ја ставаш вратата место некоја од постоечките (најчесто меѓу ходник и дневна) поврзуваш со појачало и рокај!

Негативни страни: многу веројатно е дека мајка ви или жена ви ке ве избрка од дома после тоа! :D

Споено мислење: 27.11.2013, Wednesday, 22:16:12
Позитивни страни: лесно изводливо, јак бас со чкарт драјвер, не се замараш со пресметки ;)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
без разлика што и да правиш секако ке ти биде околу 1 недела и доколку користиш добри драјвери можеш да направиш супер кутии. патем квалитетот не се цени по тоа дали таа е изработена целосно рачно или има нешто и на CNC машина, ионака машината е попрецизна со тоа ке имаш дури и подобри резултати доколку се е добро пресметано и тс параметрите се точни. инаку најдобра варијанта е да си купиш половни. барем ке си спасиш една недела работа, а резултатот може да биде дури и подобар.  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тоа е твое мислење и е во ред,ако имаш малку повеќе пари.Ке идеш на мајстор,ке си платиш и ЦНЦ ако треба,дури и друг може та ти ја залепи,да ја ишприца,да ја ја дампира ,дури и звучниците ке ти ги заштрафи... И ке речеш - си направив звучни кутии !? Е,ама сега одговори зошто се попишмани и велиш* подобро ке си купам половни..*?? Прво  не се слагаш ,а после се слагаш сомене???  ;D ;D ;D ;D ;D

Слидермк- одамна се правеле такви кутии.уште од времето на бас рефлексот и фамозните хорни.Ништо ново- американците порано си нарачувале регал за дома со веке вградени звучни кутии,само драјвери  ( во КИТ форма) да си ставиш!! 8) 8)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Кроењето на таблите секогаш оди на ЦНЦ машина :) за 150 денари не се исплати да ги сечеш сам. А склопувањето обавезно сам! Само тој што го гради знае каде да посвети внимание и знае што му е планирано во главата.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Барем за вуфер со чкарт драјвер ,не ти треба многу параметри!(обично ги нема никаде! :D :D) ;D Погоди го волуменот и посвети внимание на отворите и најмногу на свртницата. Ако имаш уште пари и активен да го направиш со филтер,тогаш највеќе време ке му посветиш на *шминката* ;D

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
батка, убаво кажа slidermc за 150ден не вреди сам да ги сечеш а и онака немам алат за сечење, така да ке мора да купувам и не ми се исплака бидејки додека да се научам убаво да сечам ке мора еден куп иверица да расипам  ;D инаку цнц е попрецизна а и поефтина варијанта е сега останатот како лепење, шмирглање, фарбање, дампирање итн. ке биде моја работа.  така да мислам дека би можело да се каже дека ги имам јас направено.  инаку реков подобро е бидејки се знае тие се фабрички и се готово направени и тестирани, а додека кај мене крајниот резултат не е сигурен.  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Е,па Металика,затоа значи не почнуваш со градба! Уште на пресметките се откажуваш ;D ;D

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
не дека сум се откажал во пресметките, туку буџетот уште е во фаза на собирање  ;) ;D ;D ;D а на крајот ке видиме како ке излезе може ке ми текне да си земам половни  ;D
Kure je kupio novog BMW-a