Зборам за стандардните верзии, оние пред 3.0, да речеме 2.94 доста ја користев.
После тоа, како што рекоа и другите, почнаа да го оптеретуваат со разноразни глупости, библиотеки, па и видео плеер стана..
Да да, и мене повеќе ми се допаѓаа старите верзии
. Но, имав проблеми со некои plugin-и кои беа наменети за 5.XX верзиите и морав да се префрлам на поновите верзи конкретно, на 5.24 (со classic skin се разбира
) и ги имав извадено сите поддршки за видео фајлови
. Проблемот е што со MP4 стандардот, екстензиите веќе не се стандардизирани (едни за аудио, други за видео) и тука се јавуваше конфликт, па наједноставно решение беше засебно да се инсталираат (ископираат) определени plugin-ови во plugins фолдерот
. И сега не функционира со некои MPEG-4 формати баш најдобро (не scroll-а како што треба, често не го јавува ни bitrate-от правилно), но прифатлива е некомпатибилноста (барем ги пушта како што треба
).
На времето, кога се појави MP3pro (MP3 со SBR, слично на HE-AAC), скоро целата музика што ја имав ја прекодирав во MP3pro, а plugin за поддршка на MP3pro имаше само за Winamp, Thomson source-от никогаш не го објавија, ниту пак техничката документација, па оние кои сакаа да слушаат MP3pro фајлови, мораа да користат Musicmatch Jukebox, MP3pro плеерот на Thomson (кој врска немаше, ни од визуелен ни од практичен аспект) или Winamp со MP3pro plugin. Јас ја одбрав третата опција. И сега сеуште сум заглавен со тој проблем, скоро целата музика ми е во MP3pro, поддршката за MP3pro престана (codec-от пропадна како стандард) уште во 2005-та или 2006-та, Thomson не сакаат да го објават source-от и техничката документација и морам да се држам до старите верзии поради компатибилност со MP3pro plugin-от, а и поради самиот изгледа и неоптовареност на плеерот.
Па ок, се некој ден ќе отиде во историјата. Батка во право е има милион плеери, сепак тоа е работа на вкусот што велат постарите.
Ниеден за жал не го поддржува она што го пишав погоре, освен Winamp.
Јас откако знам за компјутери користам Windows Media Player. Доволно добар за мојте потреби. Мислам дека во иднина ќе биде и подобар.
Непрактичен гнетач на ресурси според мене, но како што пиша, прашање на вкус е тоа. До верзија 6, WMP беше ОК од аспект на видео плеер (затоа и Media Player Classic визуелно е базиран на него, односно сега веќе MPC-HC), но за аудио фајлови... исто како и сега, непрактичен... барем според мене.
Да но више не го користат
Не го користат бидејќи веќе се може да се најде на youtube.
Е, и тој феномен исто така не ми е јасен. Седиш дома и некој ти доаѓа на кафе муабет (пријател, роднина, што и да е) и сака да пушти некоја песна и веднаш се фаќа за browser
. Не знам, не ми влегува во глава. Не ми е јасно, повеќето кои добро ме знаат, знаат дека има прилично голема музичка колекција на HDD, секакви стилови, најмногу електронска, но не се занемарени и најдобрите работи и од другите стилови (Rock, Pop, Metal и се останато). Не помислуваат дека можеби ја имам во колекција таа песна
. Не ми е муабетот до трошење на bandwidth, не ми е гајле дали истрошиле и колку истрошиле, јас супер се снаоѓав и кога бев на limit, не ми е проблем, сум бил претходно, ќе бидам и пак ако треба, ама зар навистина само youtube е source на музика
. Не викам дека не сум пребарувал или преслушувал песни на youtube, далеку од тоа, но да ми биде youtube playlist-а
. Не знам, не ми влегува во глава :S.
Па и кога ќе ми кажат за некоја песна „абе симни си ја од youtube“
. Ало, зар толку е тешко да најдеш CD Rip од песната
. Само треба пишеш изведувач и име на песната со наставка "mp3" на крајот на Google Search и вади мал милион сајтови од кои може да ја симнете. И тоа се најчесто баш CD Rip-ови од песните. За разлика од youtube снимките, кои дури и да имале flac source, при прекодирање, квалитетот е екстремно намален, иако се кодираат со AAC. Не поради друго, не може серверите да посветат посебно внимание на вашиот upload-иран клип на youtube бидејќи милиони клипови се upload-ираат секој ден, па додека секој од нив се прекодира во AVC за видеото и AAC за аудиото на high quality, ехеееее, кај ќе им беше крајот на серверите, ќе чекавте по 1 час recompressing за клип од 5 минути. Се знае, на се се прави fast recompression, и на аудио и на видео, а кога се врши fast recompression, квалитетот е значително намален.
И што сте добиле . Некој „дечко“ од некое место на планетава ја имал определена песна во MP3, еве нека биде со 256kbps (CD Rip), ја upload-ирал на youtube, youtube направил fast recompress на аудиото во AAC 160kbps (и тоа ако решил да го upload-ира на HQ и да има 720p опција за гледање на клипот), вие ќе ја симнете песната преку некој сајт и тој сајт ќе и изврши рекомпресија (повторно fast) на аудиото на 128kbps. И што сте добиле , од „асална“ (подразбирам CD Srource --> MP3) снимка сте добиле катастрофа во чекори (CD Source --> MP3 --> AAC fast recompression --> MP3 fast recompression). Тоа е исто како расипан телефон . Место јас да му кажам на Перо дека „го викам на мекици“ му го викам истото на Ристо кој ретко се гледа со Кољо кој му е комшија на Перо, но не прават муабет, дека „го терам да меси“ .