Еве ја
.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9963.0
Оригиналот се препорачува како default странска литература по електроника на ЕТФ (ФЕИТ), а за преводот... не ни знаев дека има превод, ама искрено, до сега ниеден превод на Македонски кој го имам прочитано не бил добар :S. Пристапот на странскава литература е малку по различен од нашава и се навикнуваш на него кога ќе ја читаш на Англиски, ама малку е чудно кога ја читаш на Македонски :S. Не знам, мислам дека за ваква работа, кога станува збор за стручна литература, најдобро е кога е пишувана од домашни автори. Затоа и книгите од Тешиќ до ден деншен се препорачуваа како најдобра стручна литература од областа на електрониката, иако последните изданија се пред повеќе од 20 години. Електрониката од тогаш има многу напреднато, ама основите и начините на изведба на колата се сеуште исти, пакувањата на компонентите само се разликуваат
.
Добро е што професорот Камиловски се има ангажирано да напише неколку книги од областа на електрониката, но, за жал, еден од ретките професори е кој го има направено тоа :S. Неговите книги се одлични. Имам читано и друга литература од други професори, но само книгите од Камиловски и Џеков ми оставиле впечаток.