Мониторов го користам како втор монитор (помошен), значи имам два монитора на еден компјутер.
Двата монитора се поврзани на графичката од компјутерот на два DVI илези,каде што за главниот монитор има конверторче на HDMI, додека за помошнот конверторче на VGA.
Првиот монитор е нов и работи одлично,додека вториов монитор (помошниот) е купен половен пред 2- 3 месеца, работеше како што треба тогаш ,ама сега има проблем.
Кога ќе ко уклучам компјутерот за разлика од главниот монитор ,овој помошниов добива слика со закаснување (до вчера од 2-3 минути) ,за денеска да направи рекорд , му требаа цели 20 минути, што не беше случај предходно каде што се уклучуваа двата истовремено.
Можам да предпоставам што е проблемот, ама сакам да слушнам ваше мислење.