Искрено да ти кажам знаев дека може да ставам кондензатори со повисока волтажа,ама со поголема капацитивност незнаев.
Инаку кондензаторите се: 4 парчиња 470uF 25v 105 °C и 2 парчиња 1000uF 10v 105 °C .
Утре одам во логин да земам.
Тоа дека може да направат поголем проблем сосема си во право и го осетив на своја кожа.
Така еден монитор ми цркна додека работеше ,еден кондензатор прсна ама буквално како две секунди на компресор да си стиснал (издиша).
Потоа ги сменив сите кондензатори ама касно отиде возот ми го заеба и висиконапонскиот претварач ,неможев да најдам никаде дури барав и по сервиси од расклопени монитори ама безуспешно.
Видов невидов го склопив и го продадов за 500 денари.
Тој што го зема имал исти таков модел на монитор ама со скршен дисплеј ,и ми вика да ти го шитнам ја мојов тебе или ти шитни ми го твојот да правиме еден од двата иначе ништо од мониториве хаха.
Ај реков земи го ти мојов и направивме еден од двата.
Мониторот беше Acer AL1916W
Поправка:Тоа што го напишав горе за кондензаторот кога прснал беше грешка на еден мој другар уморен од работа ,еден од кондензаторите го залемил наопачки плусот на минусот и затоа прсна (кога го уклучив).. сега се сетив (иначе првиот пат кога се изгаси додека работеше мислам дека немаше звук).