Author Topic: Проблем со монитор AG Neovo F-417  (Read 4535 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не се инсталираат секогаш најновите драјвери .Пробај некој други,не оние што си ги ставил.Претпоставувам после тоа почнаа  проблемите??  Смени ново напојување,стварно ново да биде! 8)

Offline IGOR_MK.

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Не проблемите почнаа пред 7 дена, а драјверите се инсталирани пред 3 месеца и нешто, така да откако е инсталиран новиот Windows со драјверите до пред една недела се беше во ред.
Значи работеше одлично со овие драјвери 3 месеца, инаку компјутеров има напојување MS INDUSTRIAL PRO 550W ATX P4 .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Пробај  и со  друг VGA кабел,да не не пренесува како треба.Друго,има еден  напон кој ја покренува комуникацијата меѓу РС (графичката) и мониторот.Можеби фали тој ,а тоа значи имаш проблем на графичката.Дали проба на твојот РС да врзеш друга графичка? Да елиминираш дека не не е до слотот за графичката или матичната.Преинсталирај драјвери и со новите покушај да ги покренеш двата монитори.Врзи ново напојување како елиминација на недоволно добар напон за графиката .Потоа твојата графичка стави ја на друг РС ,инсталирај ја со драјверите и  направи проба.Значи сите можни варијанти се во игра.

Offline IGOR_MK.

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Одг: Проблем со монитор AG Neovo F-417
« Reply #18 on 20.11.2013, Wednesday, 15:54:54 (Edited 20.11.2013, Wednesday, 16:40:19) »
Денес имаме нова епизода од серијата "Неово" ,но за среќа со среќен крај.
Денес мониторот воопшто не се уклучи,со други зборови беше мртов и решив да одам до крај да менувам еден по еден дел.
За почеток ги сменив местата на приклучоците кај графичката,и на изненадување повторно главниот монитор имаше слика, додека помошниот не.
Ова тотално ме збуни бидејќи излезите на графичката се покажаа дека се во ред ,а пред тоа знаеjќи дека мониорот е потполно исправен затоа што на друг компјутер работеше одлично.
За на крај да се сетам дека кога го пробував на друг компјутер ,го уклучив дирекно на VGA излез затоа што другата графичка го имаше тој излез,за разлика од оваа со 2 DVI.
Најдов друго исто такво конверторче од DVI на VGA го сменив и сега двата монитора се уклучуваат истовремено се е како што треба.
Најмалку на тоа што се надевав ,тоа испадна, па добро има ли во тоа конверторче некаква електроника внатре или нема ништо.  



Благодарност до сите што ми помогнаа со совети.  :) ;D ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со монитор AG Neovo F-417
« Reply #19 on 20.11.2013, Wednesday, 16:42:15 »
Немам отворено ниеден конвертор од DVI на VGA или обратно, ама не би требало да има електроника... можеби само отпорничиња или напонски делители, ама ништо повеќе од тоа. Најверојатно само се препраќаат RGB сигналите на адекватните пинови ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со монитор AG Neovo F-417
« Reply #20 on 20.11.2013, Wednesday, 16:46:50 (Edited 20.11.2013, Wednesday, 19:23:48) »
Нема електроника внатре.Можно е некој контакт да не е во ред,дури сум имал случај фабрички да има внатре лоши контакти.

Offline IGOR_MK.

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Одг: Проблем со монитор AG Neovo F-417
« Reply #21 on 06.03.2014, Thursday, 18:55:56 (Edited 06.03.2014, Thursday, 21:12:36) »
И покрај тоа што пред неполни 4 месеци го решивме проблемот со стариот и добар монитор AG Neovo F-417 ,почна да покажува знаци на замор ,мада сеуште работи и со тие подуени електролити на него во овој момент.





Значи кога ќе се стартува компјутерот се е во ред ,се палат двата монитора ,ама после 20 мин паузирање (афк) кога мониторите ќе се изгасат и повторно кога ке го придвижам маусот,главниот се пали најнормално ама помошниов (AG Neovo) само бел екран и ништо на него... (мора во сетингот од гфрафичката да се исклучи па да се уклучи како би добил слика пак).
Тоа почна да ми оди на нерви го отворив денес и најдов 5 подуени електролити (очекувано) кои ќе бидат заменети уште утре.
Е сега дали да ги заменам само тие 5 или сите што мислите ?






Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Замени ги сите на таа плочка каде што се подуените, нема многу.
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со монитор AG Neovo F-417
« Reply #23 on 06.03.2014, Thursday, 21:04:40 (Edited 06.03.2014, Thursday, 21:13:22) »
Веднаш менувај ги подуените кондензатори дур не ти направат поголеми проблеми. И пожелно е да ставиш кондензатори со повисок работен напон. На пример, ако имало ставено кондензатор со работен напон од 16V на 12V-ен rail, стави кондензатор со работен напон од 25V. Овие кондензатори најчесто стојат во филтерски секции од SMPS, така да, вредностите на капацитивностите не се критични. Слободно можеш да ставиш и кондензатори со поголема капацитивност. На пример, не можеш да најдеш кондензатори со капацитивност од 1000uF, имаш од 1500uF, нема да има проблем, слободно смени ги со такви. Може дури и со 2200uF, нема да има проблем, дури и подобро ќе работи уредот.

И ако не ги собира вертикално монтирани или ако ако се прешироки и се допираат еден со друг, не се плаши малку да експериментираш ;). Свиткај ги хоризонтално и употреби некој вид на лепак (супер лепак, течна пластика) за да ги прицврстиш за плочката. Не се секирај, не им пречи лепакот ;).



90% од проблемите кај денешнава технологија потекнуваат од неквалитетни електролити. Имајте го тоа на ум. Има цели сектори од фирмите производители на техничка опрема кои работат на тоа да го дизајнираат уредот да се расипе по определено време. Најчесто овие сектори се викаат PLC, Product Life Cycle. Мора да продаваат нова опрема, тоа е крајната цел, не квалитет.

Еден од наједноставните начини за намалување на PLC е поставување на компоненти со понизок квалитет кој скоро линеарно ќе деградира со време. Едни од ретките компоненти кои ја имаат оваа способност се електролитските кондензатори.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline IGOR_MK.

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Одг: Проблем со монитор AG Neovo F-417
« Reply #24 on 06.03.2014, Thursday, 22:08:12 (Edited 07.03.2014, Friday, 01:10:16) »
Искрено да ти кажам знаев дека може да ставам кондензатори со повисока волтажа,ама со поголема капацитивност незнаев.  :o
Инаку кондензаторите се: 4 парчиња 470uF 25v 105 °C  и 2 парчиња 1000uF 10v 105 °C .
Утре одам во логин да земам.  :)
Тоа дека може да направат поголем проблем сосема си во право и го осетив на своја кожа.
Така еден монитор ми цркна додека работеше ,еден кондензатор прсна ама буквално како две секунди на компресор да си стиснал (издиша).
Потоа ги сменив сите кондензатори ама касно отиде возот ми го заеба и висиконапонскиот претварач ,неможев да најдам никаде дури барав и по сервиси од расклопени монитори ама безуспешно.
Видов невидов го склопив и го продадов за 500 денари.
Тој што го зема имал исти таков модел на монитор ама со скршен дисплеј ,и ми вика да ти го шитнам ја мојов тебе или ти шитни ми го твојот да правиме еден од двата иначе ништо од мониториве хаха. ;D
Ај реков земи го ти мојов и направивме еден од двата.
Мониторот беше Acer AL1916W





Поправка:
Тоа што го напишав горе за кондензаторот кога прснал беше грешка на еден мој другар уморен од работа ,еден од кондензаторите го залемил наопачки плусот на минусот и затоа прсна (кога го уклучив).. сега се сетив (иначе првиот пат кога се изгаси додека работеше мислам дека немаше звук). :P

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Инаку кондензаторите се: 4 парчиња 470uF 25v 105 °C  и 2 парчиња 1000uF 10v 105 °C .
Утре одам во логин да земам.  :)

Слободно стави 1000uF/35V и 1500uF/16V или 25V ;). Ќе ги растеретиш кондензаторите и ќе им се продолжи работниот век ;).

Тоа дека може да направат поголем проблем сосема си во право и го осетив на своја кожа.
Така еден монитор ми цркна додека работеше ,еден кондензатор прсна ама буквално како две секунди на компресор да си стиснал (издиша).
Потоа ги сменив сите кондензатори ама касно отиде возот ми го заеба и висиконапонскиот претварач ,неможев да најдам никаде дури барав и по сервиси од расклопени монитори ама безуспешно.
Видов невидов го склопив и го продадов за 500 денари.

Токму тоа ми беше поентата ;). Подобро превенирај отколку потоа да патиш ;). Ако забележиш чудно однесување на монитори, компјутери (не пали, пали ама споро, му треба време да запали, компјутерот јавува BSOD на random, се кочи на сред работа), задолжително провери кондензатори во напојувачка секција (кај компјутери, ова значи ATX напојувањето ;)) или на самата матична плоча ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline IGOR_MK.

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Одг: Проблем со монитор AG Neovo F-417
« Reply #26 on 07.03.2014, Friday, 18:32:15 (Edited 07.03.2014, Friday, 21:17:21) »
4 парчиња 470uF 25v 105 °C  
2 парчиња 1000uF 10v 105 °C

Беа заменети сo:

4 парчиња 470uF 35v 105°C  
2 парчиња 1000uF 16v 105°C



Мониторот работи одлично ,нема паузирање, се пали во иста секунда со другиот монитор. ;)



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со монитор AG Neovo F-417
« Reply #27 on 07.03.2014, Friday, 21:35:28 (Edited 07.03.2014, Friday, 23:20:25) »
Со среќа да си го користиш ;).

Само уште еден совет. Не е лошо да го работиш мониторот малку отворен. Под отворен не мислам без капак, туку без зашрафен капак. Работи го околу половина час, ама активно (пуштен, не во stand by) и потоа исклучи го. Отвори го капакот и допри ги компонентите од напојувачката секција, особено полупроводничките и моќните отпорници и види дали прегреваат. Кинезите често знаат да шетедат на моќност на отпорници и димензии на ладилни тела. Ако прегреваат, не е лошо да поставиш отпорници со поголема моќност и евентуално, ако си во можност, да го „надградиш“ ладилното тело (да му зашрафиш уште некое парче алуминиум за него) или целосно да го смениш.

Ова е опционално се разбира, но се продолжува животнот век на мониторот ;). Електролитските кондензатори често се подувуваат и поради многу топлина, не само поради неквалитет, поддимензионираност или низок работен напон. Можно е некои од околните компоненти да прегреваат, а ладењето на мониторот да е малку неадекватно изведено (премалку дупчиња на поклопецот на шасијата, премалку или лошо поставени ладилни отвори на капакот, итн.), па ова, во комбинација со стресните услови на работа на кондензаторите, да доведува до нивно сушење. Ако е ваква ситуацијата, практично гледано, какви сакаш кондензатори стави, по некое време, они пак ќе се подујат :S. Оваа ситуација може лесно да се реши со менување на оние компоненти кои прегреваат (како што пишав, со монтирање на помоќни отпорници, надградување на ладилното тело за главниот switching транзистор или негова целосна замена со поголемо ладилно тело).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline IGOR_MK.

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Ти благодарам за советот , ќе го имам на ум. :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Само ке се надоврзаам на овој последниот пост: на многу постари монитори јас ги убедувам газдите и им вградувам од 4 х4 до 6 х6 см слим  кулерчиња 1 до 2 зависи од типот на мониторот,потоа бушам дупки 4 мм промер горе и долу ,по цела задна страна на мониторот ( на пластиката )така што верувајте барем 1/4 од работниот век со тоа им се продолжува.