Author Topic: Прашања околу изработка на дво-системска звучна кутија  (Read 10370 times)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Прашања околу изработка на дво-системска звучна кутија
« Opened on 15.11.2013, Friday, 21:46:17 (Edited 16.11.2013, Saturday, 00:46:09) »
сакам да изработам двосистемска бас рефлекс кутија, параметрите за нф звучник ги имам, а за вискокотонецот ги немам, али во најскоро време ке најдам и вискотонец со параметри, па сакам да прашам според кои формули да ја пресметам големината на кутија, цевката итн, или пак со кој софтвер ? ;D инаку Qts=0.34 на басот, така да мислам дека ке го биде за бас рефлекс кутија....
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Случајни муабети
« Reply #1 on 15.11.2013, Friday, 23:06:00 »
Со среќа нека ти е ! 8)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
фала..... ;) иако немав намера ова да биде тема, ама ајде.... еве ги целосните параметри на звучникот
fs=44.7, R=8ohm, Qes=0.37, Qts=0.34, Cms=0.54,Vas=34.4l. Xmax=5mm, звучникот е 8", осетливоста е 90db. Инаку прашањето ми беше дали би можел некој да ми посочи софтвер за пресметка на звучната кутија или пак да ги напиша формулите па јас самиот ке си пресметам  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
дали би можел некој да ми посочи софтвер за пресметка на звучната кутија или пак да ги напиша формулите па јас самиот ке си пресметам  ;D

Формули и табели имаш у мојот туторијал „Како правилно се прават звучни кутии“
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5168.0;attach=5390Таму сум напишал пример за Qts=0,35, тоа е скоро исто како твојот звучник, може да ги употребиш вредностите од табелата,
внатрешен волумен на кутија Vb=0,54Vas=0,54x34,4=18,6 литри
резонантна фрекфенција fb=f3=1,37fs=61Hz

софтвер WinISD
Code: [Select]
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1025
А што фирма и модел е звучникот?

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
го имам прочитано твојот туторијал  ;) инаку еве најдов еден онлајн софтвер
Code: [Select]
http://www.mh-audio.nl/reflexboxcalculator.asp и таму пресметав ми дава 23л заедно со отворениот порт инаку ми дава околку 18л без портот...така да сега незнам дали да ја правам 23л патем ке треба ли да се додаде +л на волуменот бидејки сакам да ставам и вискотонец а за него ги немам параметрите.  :) инаку не знам што фирма е заборавив да прашам, патем го немам земено уште звучникот, само ги препишав параметрите. сакам прво да направам се црно на бело, па потоа ке купам се наеднаш и звучниците и иверицата, а скретниците планирам сам да ги правам..... ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
На тие 18 литри додаваш све што фаќа некој волумен унутра у кутијата,бас рефлекс цевката обавезно. Али некако превише се тие 23 литри со порт,тоа му доаѓа дека портот фаќа 5 литри?!  ??? Да не си грешка нешто? Колкав дијаметар стави за цефката?
За високотонецот не треба да додаваш волумен.
Прво прашај што фирма и модел е басот,што цена..Од каде ќе го земеш?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
И мене ме интересира кој модел е басот,пред се друго да се каже и напише.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
како што кажав заборавив да прашам што марка, ама ке прашам деновиве. цената е 1200. инаку спореед параметрите што ги напишав на таа програмата од која имам ставено линк ми излава 23л. и да немам ништо правено, прво сакам се да биде пресметано па тогаш почнувам со работа.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Прашања околу изработка на дво-системска звучна кутија
« Reply #8 on 16.11.2013, Saturday, 15:41:37 (Edited 16.11.2013, Saturday, 16:17:42) »
Па не  ти требале баш многу пресметки.Еве според моите * пресметки* колку би била литражата на кутијата за тој твој безимен звучник.Според моите * пресметки* доволни би биле 22 литри за компресиона кутија.За бас рефлекс би додал уште волумен на бас рефлекс цевката или цевките.Но бидејќи се работи за мал бас јас би ти советувал да одиш со четвртаст отвор,а не со цевка,пошто цевки за ова намена тешко се наоѓале како слушам  8) Ако ти треба пресметка за бас рефлексен отвор само кажи,веднаш ќе ја пресметаме * отприлика*.

Code: [Select]
http://www.diyaudio.rs/topic/3127-bas-refleks/

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Прашања околу изработка на дво-систем
« Reply #9 on 16.11.2013, Saturday, 15:51:05 (Edited 16.11.2013, Saturday, 15:57:00) »
не е безимен, по не знам кој пат повторувам... заборавив да прашам за брендот. инаку јас сакам да направам бас рефлекс кутија, а ако не бива во тој случај ке правам некој друг тип, тл или пак компресиона. цевката мислам дека ке може да се направи од балса или пак обична пластична цевка.... но никој не ми кажа како да го пресметам волуменот на кутија и отворот според дадените параметри....  во краен случај може да ја сменам опцијата со некој поскап....
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Прашања околу изработка на дво-системска звучна кутија
« Reply #10 on 16.11.2013, Saturday, 16:03:12 (Edited 16.11.2013, Saturday, 16:07:54) »
Различни софтвери користат различни формули,некои Батерворт,некои Чебишев,некои нешто трето.Сите тие по малце се разликуваат за волуменот на кутијата, за резонатната фрекфенција и за f3,али сите се ОК,разликата е према една формула нешто помал волумен и бољи звук али нема баш најдубоки басови,према друга формула волуменот на кутијата е малце поголем, маваат басови али звукот не е нешто посебно..бирај што сакаш. Пробај гоWinISD софтверот да знаеш што добиваш а што губиш.

Нешто ми е сумњиво,параметрите на звучникот се предобри за само 1200 денари. Кој ги продава? Нови се или користени?

Споено мислење: 16.11.2013, Saturday, 16:07:54
но никој не ми кажа како да го пресметам волуменот на кутија и отворот според дадените параметри.... 
???   ???
Па ја ти дадов линк за мојот туторијал,таму све пишува.. ти наводно си го прочитал
го имам прочитано твојот туторијал 
Ништо не ми е јасно..

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Прашања околу изработка на дво-системска звучна кутија
« Reply #11 on 16.11.2013, Saturday, 16:10:10 (Edited 16.11.2013, Saturday, 17:07:04) »
батак, за бас рефлекс треба убав звучник. Напрај златна компресиона, ни ќе се мачиш и ништо. И јас се силев со 10 инчни басој од по 1000ден „220вати“ биле....ахам сто посто надевај се дека се блиску до реални!
Склопив компресиони кутии со високотонци поскапи и поснажни од све шо употребив, добив мн јаки звучници, душата им ја вадам на забави, скретници - на почетокот кондензатор и нишо повеќе, сега имам некои скретници шо не ми се по ќејф и ќе ги доправам ко ќе немам попаметна работа :D

Одреди добри параметри...го имаш батка, ќе ти пресметат волумен, форма...ќе ги дампираш убо и мети си! :))

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Прашања околу изработка на дво-системска звучна кутија
« Reply #12 on 16.11.2013, Saturday, 16:40:45 (Edited 16.11.2013, Saturday, 16:43:41) »
За 1200 денари - бренд звучник!??? Не верувам и јас за тие пари бренд да добиеш. Но правилото е -*колку пари-толку музика*! Направи си сметка и како кажа Стиффи ,ако ти е за журки и пуштање *гласна* музика не фрлај премногу пари.
За бас рефлекс  и јас би одел со подобар и поголем  бас ( 10/12/15 инчи) бидејќи и самата конструкција на кутијата е поскапа и би било нелогично 1/3 од цената да биде басот.а 2/3 самата дрвенарија 8) Ама да не те разубедувам,терај си ја својата замисла.
И конечно добри мисли од Маки,со кои се слагам во потполност и поради што сепак докрај не им верувам на формулите.
Цитирам:
*Различни софтвери користат различни формули,некои Батерворт,некои Чебишев,некои нешто трето.Сите тие по малце се разликуваат за волуменот на кутијата, за резонатната фрекфенција и за f3,али сите се ОК,разликата е према една формула нешто помал волумен и подобри звук али нема баш најдубоки басови,према друга формула волуменот на кутијата е малце поголем, маваат басови али звукот не е нешто посебно..бирај што сакаш. Пробај гоWinISD софтверот да знаеш што добиваш а што губиш.*

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Звучници според Qts параметарот
0.22-0.6, погодни за Басс рефлекс кутија. Доколку се направи било која друга кутија нема да свири воопшто ниско.
0.6-0.8, погодно за компресиона кутија и трансмисиона линија.
>0.8, ке свири прецизно бас само во трансмисиона линија, многу длабок бас. Но обично звучници со волку висок Qts имаат премногу мала SPL (ефикасност)

Металика, ти препорачувам исклучиво да го користиш WinISD, до сега секоја кутија точна ми испаднала со него. Волуменот од внатрешната кутија, има влијание на должината на цевката и нејзиниот дијаметар. Поголема кутија-помал порт. Цефката треба да биде навнатре во кутијата, при што не го менува волуменот на кутијата.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Прашања околу изработка на дво-системска звучна кутија
« Reply #14 on 16.11.2013, Saturday, 16:55:46 (Edited 16.11.2013, Saturday, 17:19:01) »
slidermc не би рекол дека само според Qts параметарот треба да се гради кутијата.Од искуство ,дури и дадените параметри во проспект,од производителот, може да бидат голема утка,токму поради * надуваноста* од страна на производителот или што би се рекло * оптичка варка* за добра реклама.Ова се однесува на повеќето производители ,кои се борат за пазар ( освен познатите-бренд производители како JBL,Celestion,Eminence,RCF....) Значи,многу внимателно со тоа,особено  кога веке од око се гледа дека пр.тежината на басот од 12 инчи е 350 грама и треба да даде добар бас! Верувај,никогаш нема да даде!! ;D
И уште нешто.Ти велиш:
0.6-0.8, погодно за компресиона кутија и трансмисиона линија.
И овде сум скептик.Компресионата кутија се прави со добар звучник,бас,а според повеќето познавачи  на звукот - во трансмисионата кутија може да се стави се што сакаш ,па и оние звучници кои и не ги бива за добар бас! Сепак компресионата кутија е најчесто правена и експлоатирана форма на звучен медиум.Полесна е физички за градба и полесно ги скрива недостатоците  на (секогаш не докрај  дефинираните) звучните едници.Трансмисијата е посложена и не така евтина за градба.Не ги земам во предвид оние набрзина,со една преграда направени трансмисии ,кои по ништо не потсетуваат на добро прорачуната  кутија.За трансмисионата би рекол дека треба добро да се одбира звучникот,а секоја- и најмала грешка во односот- должина на трансмисијата,волуменот,па се до отворот (димензиите) прави место звучна кутија да добиеш * буре*-кутија,која дава лош тон,во секој случај,макар што сум чул и фабрички направени ТЛ кутии кои не се прославиле и не отишле подалеку од буре-ефектот.