Знаеф дека во брзање си згрешил, па затоа и те поправив...
Најчесто се случуваат такви грешки, мислам на дефектот кој настанал, заради тоа што инструментот бил на погрешно мерно подрачје...
Кога се мери струја, амперметарот се врзува редно во колото, и тогаш инструментот има теоретски отпорност нула, односно претставува куса врска...Потребно е секогаш да има потрошувач за да не изгори инструментот заради кусата врска.
Кога се мери напон, инструментот односно волтметарот се врзува паралелно во колото и неговата внатрешна отпорност е бесконечна односно претставува прекин. При мерење со овој инструмент, не е потребно додавање на потрошувач, заради големата внатрешна отпорност на инструментот.
Токму заради таа причина настанала грешката...
Незнам како сте ја мереле мирната струја,дали со дигитален или аналоген унимер, како ви бил поврзан инструментот во колото итн...Инаку не е страшно се случува...Ке ги замените транзисторите, а притоа не е лошо да се проверат и побудните транзистори...И отпорниците од ~ 0.33 ома, жичаните...