всушност, земјата е поврзана како нула, а нулата е исклучена и плус нулата доаѓа од друга страна, не од истиот кабел, додуша, промашени се само боите на каблите, и тоа може некого да го збуни доста и да направи беља, сепак извршив мерења од нула према земја, и не добив никакви отчитувања, додека ако мерам фаза и маса, добивам 110 волти, дали би требало тоа да биде така? Така и на другите штекери ми излегоа мерењата, и на тој начин открив дека засебната црна жица е земја, истите отчитувања од 110 волти ми ги даде и на неа кога ја мерев со фазата. Се на се, мислам дека е во ред да го поврзам како што треба, како што било досега, само плус да си ја закачам земјата, уште ме копка зошто била дисконектирана, ама колку што гледам се во ред, и не би требало да има проблеми. Чекам одговор пред да монтирам, само ке ве замолам ако може малку побрзо, све ми е растурено и WC-то е неупотребливо, а плус ми се скина и едно чкарт црево во тештик и треба да менувам туш батерија, па ке се позанимавам со тоа додека чекам, многу ви благодарам на сите за помошта.
А да провериш да видиш дали таа црната жица што виси од страна е навистина маса? Може да провериш на beeper подрачје на унимер. Поврзи го едниот крај од мерната сонда на таа жица, а другиот на било која маса во куќата
... може и од некој шуко штекер
.
Најверојатно е нешто лошо изведено, а како е изведено благе везе немам, а инаку живеам во стан, (карпош 1 тазе реновираната зграда со 14 спрата на партизанска, во случај да бил некој и да познава какви се изведбите на инсталацијата) и претпоставувам дека малку би било тешко да се следи која е што е земјата, бидејќи и таа е црна како и фазите, ама не би требало да биде претешко.
А при реновирањето, менувана е инсталацијата?
Е штом живееш во зграда проблемот не мора да е кај тебе, ако е направилно изведено заземјувањето проблемот може да го има и кај комшиите
Да, во право е Devil. Ако е менувана инсталацијата кај некој во зградата при реновирањето, замоли ако можеш кај некој од комшиите да измериш дали и кај нив се јавува истата ситуација. Ако и ти си менувал инсталација, кога ќе мериш кај комшиите, прво мери со пуштени три осигурувачи (од твојот стан, од трите фази), па потоа исклучи ги и мери пак и види дали пак ќе ги добиеш истите резултати.
Заземјување мора да биде изведено со проводници со жолто-зелена боја, нулата мора да биде сина, а секоја друга боја може да биде фаза.
Кај мене пак сите нули се црни, а сите маси се само жолти (нема зелена лента)
. Ама во мојата зграда инсталацијата е хаварија
. Не дека е лоша, добро е изведена, добри кабли има и се е правилно врзано, ама осигурувачите се измешани у ПМ
. Никогаш не знаеш што ќе се изгаси ако извадиш некој
. Вадиш осветлување, половина стан ти свети
. Вадиш шуко, половина стан не свети, а другата половина има и светло и шуко
.
Боите се скроз помешани, фаза е жолто-зелена, нула е црна и земјата е црна, мислам ало беее хахахахахаха, си играл играчки кој знаел и не знаел, мислам дека прво што се учи за струја е определувањето на боите на одредени проводници, за да нема понатаможна можност за глупави незгоди.
Вакви глупости обично прават ако на крајот кај осигурувачите врзат нешто погрешно, па потоа ги мрзи таму да поправат и едноставно гледаат како е таму врзано и така врзуваат и на другиот крај
, што и да е таму, сијалица, штекер, бојлер
.
Мислам само ми страдаат апаративе по дома, се од непознати причини, морам веќе да превземам нешто, па макар тоа било и менување на цела инсталација или дел од неа.
А ова од секогаш било вака или само во последно време, по реновирањето?