Author Topic: Проблем со инсталација за бојлер  (Read 14201 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Е штом живееш во зграда проблемот не мора да е кај тебе, ако е направилно изведено заземјувањето проблемот може да го има и кај комшиите :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Јас во таков случај би ја поврзал фазата и нулата на бојлерот, но би поврзал и една жица од нулата до металниот дел на бојлерот, кој што е предвиден за заземјување.
Ова е како привремено решение додека не го средиш проблемот со заземјувањето.
Инаку, многу е чудно тоа што го кажуваш за боите на проводниците.
Заземјување мора да биде изведено со проводници со жолто-зелена боја, нулата мора да биде сина, а секоја друга боја може да биде фаза.

Да слушнеме уште некое мислење од некој поискусен.
Жан

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Боите се скроз помешани, фаза е жолто-зелена, нула е црна и земјата е црна, мислам ало беее хахахахахаха, си играл играчки кој знаел и не знаел, мислам дека прво што се учи за струја е определувањето на боите на одредени проводници, за да нема понатаможна можност за глупави незгоди. Ништо, јас ке го поврзам без земјата, како и што беше досега, а тоа што викаш друже директно од нулата да повлечам жица према металниот дел наменет за заземјување, сигурно ли е, или можам некоја беља да направам? Ако не да не ја поврзувам ни така, туку интензивно овие денови да работам на решавање на проблемот? Мислам само ми страдаат апаративе по дома, се од непознати причини, морам веќе да превземам нешто, па макар тоа било и менување на цела инсталација или дел од неа.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
всушност, земјата е поврзана како нула, а нулата е исклучена и плус нулата доаѓа од друга страна, не од истиот кабел, додуша, промашени се само боите на каблите, и тоа може некого да го збуни доста и да направи беља, сепак извршив мерења од нула према земја, и не добив никакви отчитувања, додека ако мерам фаза и маса, добивам 110 волти, дали би требало тоа да биде така? Така и на другите штекери ми излегоа мерењата, и на тој начин открив дека засебната црна жица е земја, истите отчитувања од 110 волти ми ги даде и на неа кога ја мерев со фазата. Се на се, мислам дека е во ред да го поврзам како што треба, како што било досега, само плус да си ја закачам земјата, уште ме копка зошто била дисконектирана, ама колку што гледам се во ред, и не би требало да има проблеми. Чекам одговор пред да монтирам, само ке ве замолам ако може малку побрзо, све ми е растурено и WC-то е неупотребливо, а плус ми се скина и едно чкарт црево во тештик и треба да менувам туш батерија, па ке се позанимавам со тоа додека чекам, многу ви благодарам на сите за помошта.  ;)

А да провериш да видиш дали таа црната жица што виси од страна е навистина маса? Може да провериш на beeper подрачје на унимер. Поврзи го едниот крај од мерната сонда на таа жица, а другиот на било која маса во куќата ;)... може и од некој шуко штекер ;).

Најверојатно е нешто лошо изведено, а како е изведено благе везе немам, а инаку живеам во стан, (карпош 1 тазе реновираната зграда со 14 спрата на партизанска, во случај да бил некој и да познава какви се изведбите на инсталацијата) и претпоставувам дека малку би било тешко да се следи која е што е земјата, бидејќи и таа е црна како и фазите, ама не би требало да биде претешко.

А при реновирањето, менувана е инсталацијата?

Е штом живееш во зграда проблемот не мора да е кај тебе, ако е направилно изведено заземјувањето проблемот може да го има и кај комшиите :D

Да, во право е Devil. Ако е менувана инсталацијата кај некој во зградата при реновирањето, замоли ако можеш кај некој од комшиите да измериш дали и кај нив се јавува истата ситуација. Ако и ти си менувал инсталација, кога ќе мериш кај комшиите, прво мери со пуштени три осигурувачи (од твојот стан, од трите фази), па потоа исклучи ги и мери пак и види дали пак ќе ги добиеш истите резултати.

Заземјување мора да биде изведено со проводници со жолто-зелена боја, нулата мора да биде сина, а секоја друга боја може да биде фаза.

Кај мене пак сите нули се црни, а сите маси се само жолти (нема зелена лента) ;D. Ама во мојата зграда инсталацијата е хаварија ;D. Не дека е лоша, добро е изведена, добри кабли има и се е правилно врзано, ама осигурувачите се измешани у ПМ ;D. Никогаш не знаеш што ќе се изгаси ако извадиш некој ;D. Вадиш осветлување, половина стан ти свети ;D. Вадиш шуко, половина стан не свети, а другата половина има и светло и шуко ;D.

Боите се скроз помешани, фаза е жолто-зелена, нула е црна и земјата е црна, мислам ало беее хахахахахаха, си играл играчки кој знаел и не знаел, мислам дека прво што се учи за струја е определувањето на боите на одредени проводници, за да нема понатаможна можност за глупави незгоди.

Вакви глупости обично прават ако на крајот кај осигурувачите врзат нешто погрешно, па потоа ги мрзи таму да поправат и едноставно гледаат како е таму врзано и така врзуваат и на другиот крај ;D, што и да е таму, сијалица, штекер, бојлер ;D.

Мислам само ми страдаат апаративе по дома, се од непознати причини, морам веќе да превземам нешто, па макар тоа било и менување на цела инсталација или дел од неа.

А ова од секогаш било вака или само во последно време, по реновирањето?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
тоа што викаш друже директно од нулата да повлечам жица према металниот дел наменет за заземјување, сигурно ли е, или можам некоја беља да направам?

Во случај на дефект на греачот, на пример лоша изолација, може да дојде фаза во директен допир со водата, што е опасно по живот. Затоа служи заземјувањето, но бидејќи кај тебе не е како што треба, затоа предложив да ја поврзеш нулата на металот. Во тој случај, при опишаниот дефект на греачот, би дошло до течење на струја од фазата до греачот, па низ водата до металниот дел од бојлерот (кој што треба да го поврзеш со нулата), и би исклучил или прегорел осигурач.
Жан

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
тоа се вика нуловање на заземјувачот, ама мислам дека посебно е забрането во згради такво нешто да се прави, затоа за привремено можеш така да го поврзеш, ама потруди се да го отклониш проблемот
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Одг: Проблем со инсталација за бојлер
« Reply #21 on 04.11.2013, Monday, 16:41:21 (Edited 04.11.2013, Monday, 23:39:35) »
Неколку пати ти е спомнато од колегите да не се заземува нултиот спроводник, ако не е таков системот на заземнување од трафостаницата каде имаш напојување!!!!
за стандардно обележување на каблите види овде
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Electrical_wiringако кабелот е четирижилен и има сина боја на спроводник тој е “нула“ а жолтозелената ќе дојде “фаза“ во трифазно поврзување.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Инаку, во станот на Даниелчо не видов дека има трофазна инсталација за бојлерот. Беше еднофазна и боите не се како порано. Се извинувам уште еднаш за големиот пост и затоа ќе го избришам. Ќе се потрудам да внимавам на правописот. Фала на корегирањето од колегите.  ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Dragan Stoilovski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Кабел со 4 жили се користи исклучиво во индустрија и тамо сината жила се користи за фаза а секогаш жолто зелената жила се користи за заземјување, а кабелот за бојлерот најдобро е да се смени и од дозната за купатилото да се пушти нов кабел кој ќе се постави во пластични канали кои не се скапи а целата инвестиција би коштала помалку од 400ден со што ќе биде направено по прописи а не аматерски. И кај нас пошто се користи ТТ систем секои треба да има вградено (ФИД склопка 40А ,30mA) која ќе реагира кога ќе има некои дефект пробив према маса и ќе исклучи, и нема да прави проблем на соседите. А кај нас комшијата има неправилна исталација и покрај него ќе настрада некои ни крив ни дужен сосед. ЕВН треба да преземат мерки за тија работи кај струјата по еднаш се прави грешка.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Проблем со инсталација за бојлер
« Reply #24 on 05.11.2013, Tuesday, 15:10:55 (Edited 05.11.2013, Tuesday, 15:40:15) »
Е токму и за ова сакав да потенцирам.Но се задлабочив и во нешто друго избегав од темата
Quote
Кабел со 4 жили се користи исклучиво во индустрија и тамо сината жила се користи за фаза а секогаш жолто зелената жила се користи за заземјување, а кабелот за бојлерот најдобро е да се смени и од дозната за купатилото да се пушти нов кабел кој ќе се постави во пластични канали кои не се скапи а целата инвестиција би коштала помалку од 400ден со што ќе биде направено по прописи а не аматерски. И кај нас пошто се користи ТТ систем секои треба да има вградено (ФИД склопка 40А ,30mA) која ќе реагира кога ќе има некои дефект пробив према маса и ќе исклучи, и нема да прави проблем на соседите. А кај нас комшијата има неправилна исталација и покрај него ќе настрада некои ни крив ни дужен сосед. ЕВН треба да преземат мерки за тија работи кај струјата по еднаш се прави грешка.
Члену didy јас знаев дека е така
Quote
ако кабелот е четирижилен и има сина боја на спроводник тој е “нула“ а жолтозелената ќе дојде “фаза“ во трифазно поврзување
но тоа е во трифазно поврзување каде имаме Р,С,Т и нула а болјерот е еднофазен нели тоа вие што го кажавте е за трифазно поврзување но порано не беше така и трифазното поврзување беше со други бои. :).Но сега Евн ѓи поврзува вака ормарчињата  и вака треба но тоа е трофазно а бојлерот на членот даниелчо е еднофазен многу нормално нели,и затоа дојде до недоразбирање.Но јас сум имал и трофазен бојлер 12 киловати. ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Момци, јас се извинувам што ми требаше толку долго да одговорам, стварно имав некои поголеми проблеми од инсталацијава и немав време. Бојлерчето инаку го поврзав само со фаза и нула, заземјувањето не го поврзав, некако сумњиво ми беше, а не го ни нулирав како што предложи членот, иако е логично и посигурно така. Решив да почекам уште малку да се вратам на нозе од финансиски аспект, па ќе ангажирам еден пријател да ми смени цела табла со осигурачи, да преповрзе се како што е ред, да не се зафркавам ја со вакви глупости, и ке монтирам една ФИТ склопка плус, чисто да си бидам мирен. Бај д веј, кога мислев на реновирање, тоа беше површински само, фасадата ја правеа однадвор, ништо друго не е пипано, инсталацијата си е стара и оригинална, од далечната 62-ра  ;D, јас би превземал и таков чекор да ја заменам цела од корен, само свесен сум дека ќе ме чини ѓавол и пол..

Сепак ви благодарам на сите што се ангажиравте за случајов, и ако имате некоја сугестија плус, нема да дојде лошо секако, добро е се да се знае.  ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас прво би измерил она што пишав, дали тече струја према маса, пред да менувам цела табла со осигурувачи.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Така Фит склопка и автоматски осигурачи е најпаметно решение.Само не е баш евтино сеа добро има некој фит склопки што се поевтини али ипак ;D.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Јас прво би измерил она што пишав, дали тече струја према маса, пред да менувам цела табла со осигурувачи.



Ммм бате, измерив веќе, не знам дали прочита на претходната страна, не оди струја према заземјувањето, само кога мерам фаза према нула, дава 220 волти, а кога мерам фаза према заземјување дава 110 волти.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Не сватив само зошто дава фаза и заземјување 110 волти па јас еве сега дома измерив фаза нула 235 волти исто беше фаза и заземјување.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш