Author Topic: Проблем со инсталација за бојлер  (Read 14186 times)

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Не сватив само зошто дава фаза и заземјување 110 волти па јас еве сега дома измерив фаза нула 235 волти исто беше фаза и заземјување.


Другарче, ако знам да ме утепаш, и ја во сервис кај мене мерев, секаде дава 220, стварно ни мене не ми е јасно откај доаѓа тој специфичен напон.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Проблем со инсталација за бојлер
« Reply #31 on 06.11.2013, Wednesday, 22:32:53 (Edited 06.11.2013, Wednesday, 22:36:38) »
Друже сигурно нешто заземјувањево не е правилно изведено али нема везе коа ќе си смениш таблата и фит склопка ќе си ставиш проблемот ќе се реши ;D. Сега за сега додека не собереш финансии терај вака но внимателно.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline maci

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
ne procitav se,samo na pocetok.
kaj mene koga se tusirav ponekogas na isklucen bojler me peckase struja na tusot.da skratam,problemot bese vo masinata za pernje.koga bese samo uklucena vo steker a ne raboti,  preku nea zatvarase nekoe kolo.stavav na kadata zazemjuvanje no i toa ne go resi problemot.
staviv prekinuvac na masinata za perenje i problemot go resiv.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па реши го и проблемот   со  МК поддршката,ако сакаш . 8)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ммм бате, измерив веќе, не знам дали прочита на претходната страна, не оди струја према заземјувањето, само кога мерам фаза према нула, дава 220 волти, а кога мерам фаза према заземјување дава 110 волти.

Да да, знам, прочитав. И врз база на тоа што додатно го имаш пишано дека немаш менувано инсталација, не мислам дека е проблемот во инсталацијата... барем не твојата. И не верувам дека проблемот ќе се реши со менување на табла.

Мое лично мислење е дека треба прво детално да се испита каде точно е проблемот. Не негирам дека можно е и кај тебе да е (стара инсталација, некаде попуштила), но прво би се осигурал дека ситуацијата е навистина таа пред да рушам или копам, бидејќи на крај може да излезе работата за џабе :S. Ако не повеќе барем го проба она со осигурувачите што го има пишано Devil?

Исто така, кој напон го дава меѓу нула и земја? Можеш да провериш која е брановата форма на овој напон?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Вака момци, ај да ја живнам темава, се извинувам што не одговорив подолго време, немав ни можност да извршам некои мерења, ми цркна унимерот, а не сакав да купувам некој чкарт, па затоа си го купив овој


Code: [Select]
http://www.uni-trend.com/en/product/2014_0711_592.html чисто да се знае со што мерам, а и да се пофалам малку :P

Проблемот уште не го решив, знаете како е, Македонска работа, дури не вивне нешто во пламен, работи одлично ;D , вака сега, по мое, проблемот е некаде во комшиите, али тоа е само претпоставка, пред некој ден мерев и излезе вака:

Фаза према земја - 110 волти нали :o
Нула према земја - 12 волти, што претпоставувам не е добро, мерењето е извршено прилично блиску до табла со осигурачи, во друга соба, изнесува 1.5 волти, значи што подалеку од таблата, тоа помал напон од нула према земја, во другата соба (подалечната) пред да го вршам ова мерење, неколку дена наназад, беше исто 110 волти од фаза према земја, сега го мерам, дава 230, а блиску до таблата си останува исто, овде нешто варира и ме е*е во мал мозок, утре вадам буквално се што имам приклучено на мрежа, и почнувам со нови мерења од табла па до крај. Инаку бојлерчето сеуште си е поврзано без земја и не е нуловано, додека не се реши проблемов, така и планирам да остане сега за сега. Фреквенцијата е константна секаде, 49,97Hz.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Исклучи ги сите потрошувачи во куќата и мери, после тоа можеш да видиш кај има „главни“ дозни од каде што се делат понатаму каблите и дел по дел (сектор по сектор) да го исклучуваш, или ќе стигнеш до осигурувачи, а притоа сеуште го има проблемот или пак ќе најдеш каде имаш проблем
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Момци, ова изгледа е "out of my range"  >:( Ги исклучив буквално сите потрошувачи, проблемот останува, да го дијагностицирам дел по дел е малку комплицирано за мене, бидејќи на еден осигурач имам два штекера во кујна да речеме и еден во спална, на друг бојлер и друг некојси штекер, значи турли тава, уште од како знам за себе, има некои 5 жици што буквално штрчат од ѕид, само се така поднапикани во дупче, па кречено глетувано преку нив, се наоѓаат некаде на средина помеѓу таблата и прекинувачот за бојлерот, во ходник, растојанието е околу 3 метра од табла до прекинувач за бојлер, на местото на тие жици порано, пред 30-тина години, имало домофон кој сега не е во функција, дури и кога ги извадив сите внатрешни осигурачи, и трите надворешни, на тие жици имаше околу 50-60 волти АС, дозната над нив ја отворив, цело црно внатре, и само една жица во неа, којзнае кај оди, некаде према купатило веројатно, имало некој проблем па е премостувано импровизирано нешто, стварно не можам да се снајдам чисто од страв да не направам некоја поголема беља, растурив таблата со осигурачи, нема некои редни клеми да речеш културно средена инсталација, туку врзувано само жици една со друга, па лепено со СЕЛОТЕЈП ??? баш ми се распадна во раце кога го допрев.. На осигурачите за шпорет кај што е трофазна, ги има три нели за секоја фаза, еден осигурач 10 Ампера, другите два напикано по 7-8 лицни внатре, којзнае колку амперски излегуваат сега, ако не се и над 20, истиот случај и со главните надворешни, само пикано по 7-8 лицни внатре, колку да не гори често, сега знам и зошто не изгоре ниеден кога пред некое време направив по грешка директен спој фаза со нула, имам осигурачи ко за во фабрика ;D , се надевам само дека нема да морам да копам и да менувам инсталации, а за овој проблем со таблата и останатото, гледам дека е време да дојде на сцена некој професионалец што правилно и безбедно ќе дијагностицира и отклони секаков дефект, да можам да бидам сигурен утре кога ќе го оставам празен станот, дека нема да ми се јават комшии дојди ти гори нешто. Момци, кој од вас ги работи овие работи, дали би можел да ми каже од прилика која цена чини менување табла, преспојување и слично, монтирање фит склопка и сите потребни процедури, да видам дали сум спремен финансиски уште оваа недела да го повикам и да ја решам веќе ситуацијава, не се потценувајте, кажете си реална цена. Благодарам однапред.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Само промена на табла е крпена работа, треба убаво да си ископаш се, и се од ново да си преспоеш, да ова е покрупен зафат кој кошта, ама само така ќе бидеш сигурен дека се е во ред.

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Уф, слично вакво проблемче имаше и кај еден другар кој е Полицаец... а полицајците знаете се СЕЗНАЈУЧИ.. гибал нешто...ама толку добро ја средил инсталацијата што, на кој прекидач да стегниш ке слушнеше пукање од кутија... нејсе тоа е друг проблем..
Туку овде беше проблем што во Среда и во Недела имаше струја во уземљењето, фаќаш на штекот уземљење дрма...
Чудисе зошто е така само во Среда и Недела, и арно му текна да кажува како комшијата го подучил за уземљењето да го среди салам и наводно да имал добро уземлење, му рекол НАЈДОБРО Е ДА ЈА ПОВРЗИШ ЖИЦАТА НА ДОВОДНАТА ЦЕФКА И ЕТЕ ТИ САЛАМ УЗЕМЛЕЊЕ, а за дрмање на чешмите и за тоа да те најдат кочан сварен во када немаш гајле затоа што водоинсталацијата му била после мерачот за вода со платична цефка, и немало да има никаква спроводливост а демек водата имала спроводливост како што кажа на кратка релација.
И така си направил другарчето, после тоа ми светна сијаличката, и појдовме го прашавме комшијата кога едноставно го пушта бојлерот, кажа дека скоро секогаш во среда и недела.
После тоа, следуваше пријавување во ЕВН, си превзедоја тие мерки, мислам дека и го казнија човекот, а другарчево ја изгоре цела инсталација, па 2 недели си ги копаше зидовите дома, па му пуштав нови кабли, нови дозни зашто повеќето беа оштетени, едноставно си направи од готово вересија 1000 евра си ги фрли за џабе, јбг тоа тие, а сличен талент имам видено во Струга каде што го имам станот одма до мене има некој си електричар Стојко се вика, од кој не бил сигурен на стамбеното заземлјување па си го поврзал заземлјувањето на Јолукот.

П.с знам дека приказнава е сосема поразлична, ама можеби на некој ке му помогни, бидејќи има многу таленти кој ги врзуваат заземлјувањата на водоинсталација, и си прават бељи и на себе и на комшиите.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@Danielco: Врз база на ова што го пиша сега, да, и јас исто мислам како и Devil, треба да ја менуваш цела инсталација. Нема поента да се дијагностицира проблем кој највројатно е на неколку места.

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."