Браво Марко, е така да заличи прашањево како што треба. Ова е за пофалба, и пример до сите други членови што не знаат да постават прашање. Вака се поставува прашање, а не како некои други што викаат не ми работи телефонот, што му е? Ти чуди се што да му одговориш, или пак не ми работи бубата, ниту слика има ниту конкретно да каже....затоа тамо нема ни решение. Ако се скржават да направат слика џабе е, нема успех тамо.
Значи прво направи како што ти рече Батка, ако има слика тогаш поврзи го со засилувачот на следниот начин: каде што е местото за RF input стави го кабелот што излегува од видеото (RF out) а на засилувачот каде што пиште RF оut стави некоја антена за ТВ, а ако немаш антена земи 2 жици по ХХ сантиметри и едната врзи ја за плусот а другата за минусот и двете нека се една наспроти друга. На телевизорот стави му собна антена.
Тоа хх сантиметри, ке ти кажам колку треба да биде должината на жиците но прво треба да ми кажеш на кој канал го фаќаш сигналот? Кога викам канал не мислам на 1,2,3 туку на кој UHF или VHF канал.