Author Topic: Преправка на LG Home Theater HT-202  (Read 1274 times)

Offline juve

  • Нов член
  • *
  • Posts: 2
Преправка на LG Home Theater HT-202
« Opened on 24.10.2013, Thursday, 11:44:33 (Edited 24.10.2013, Thursday, 17:33:54) »
Имам звучници од ДВД ЛГ 5.1 со субвуфер од 8 ома, 100W и 5 сателити (мали звучници) сите по 4 ома, 60W. ДВД-то ми е расипано (проблеми со процесорот, добива струја, работи 2 мин и заглавува, меѓутоа појачалото што е внатре во ДВД то е ок и ги храни звучниците). проблемот е што звучниците ми се со жички кои се приклучуваат во ДВД директно секој звучник, а не со пинови, или преку вуфер. Сакав да прашам дали постои начин да ги поврзам звучниците со компјутер, или обично ФМ радио или било како да ги искористам без да купувам скапи појачала или сл.  

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Преправка на LG DVD плеер
« Reply #1 on 24.10.2013, Thursday, 14:34:24 »
Најлесно е прво да ја најдеш шемата!Потоа ке биде полесно ако точно  пишеш за кој модел се работи,а трета опција е да најдеш (ако има) потенциометар за волумен и таму да интервенираш,односно да си направиш влез директно поврзан со потенциометарот за волумен.Сепак,дај го моделот да видиме ако може што има внатре.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Преправка на LG DVD плеер
« Reply #2 on 24.10.2013, Thursday, 14:58:27 »
Некогаш е можно да се прават вакви преправки... некогаш не, зависи од тоа како е изведен уредот. Попрецизен да бидам, секогаш може да се направи преправката... прашањето е само дали се исплати или не ;).

Убаво има пишано batka. Пиши модел, да се побара сервисна шема од него, ако може да се најде, да ја разгледаме, можеби може да се преправи ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline juve

  • Нов член
  • *
  • Posts: 2
Одг: Преправка на LG DVD плеер
« Reply #3 on 24.10.2013, Thursday, 16:48:21 »
Моделот на ДВД то е....ЛГ Хоме тхеатер ХТ202

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Преправка на LG Home Theater HT-202
« Reply #4 on 24.10.2013, Thursday, 17:49:53 »
Можеби и може да се преправи, ама главниот микроконтролер е одговорен за заштитата на излезните засилувачи, така да, ако го преправиш, нема да имаш заштита. Исто така, мораш да му донесеш 5.1 сигнал со засебно одвоен сигнал за subwoofer-от, што значи дека ќе мораш да направиш и едно коло за одвојување на сигналот од subwoofer-от од маса.

Мое лично мислење... не се исплати. Пробај ако можеш да го поправиш, ако не, не се исплати.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Преправка на LG Home Theater HT-202
« Reply #5 on 24.10.2013, Thursday, 22:45:39 »
Еве мануал

Code: [Select]
http://www.chung-sim.com/lg.ht202sf.html