Јас сметам дека е одличен трудот
. Може да се изведе и скоро аналогно, ама ако е потребно навистина прецизно приклучување по, на пример, точно 34 секунди, изработка со микроконтролер е дефинитивно поточна
. Освен тоа, остава и простор за подесување без додавање на нови екстерни компоненти
. Се разбира дека може и со PC се ова да се изведе, ама има места на кои не може (или не смее) да се држи цело време вклучено PC или лаптоп. Освен тоа, многу повеќе струја трошат тие уреди
. Дизајнот е едноставен и практичен, овозможува лесна монтажа и релативно добра индикација
.
Не го разгледав кодот, затоа ќе прашам
. Дали има имплементирано функција да може и по определено време откако ќе се изгаси уредот, пак да се пали. На пример, се држи вклучен уредот 50 секунди, потоа има 20 секунди пауза и пак се пушта да работи 50 секунди и овој цилкус репетитивно се повторува.