Author Topic: Осцилоскоп  (Read 7041 times)

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Одг: Осцилоскоп
« Reply #15 on 21.04.2010, Wednesday, 16:27:07 »
Ако го даде за тие пари одма зимајго не се мисли :) евтинио е многу

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Осцилоскоп
« Reply #16 on 23.04.2010, Friday, 15:35:38 »
Епа се кандсиав :D, го купув Fluke 97/AUTO Scopemeter, човекот го даде за 350 евра ;D. Згора на тоа, уз муабет со човекот добив и понуда за работа, хахахаха :D :D :D.

Навистина ми е криво што не можам да постирам слики од него, немам фотоапарат ниту мобилен со фотоапарат, да позајмам можам, ама сега комшијата од кој нормално позајмувам не е тука, на некоја уметничка колонија отишол, ама наредна работа што планирам да ја купувам е тоа, така да, одма штом земам ќе го сликам и ќе ви го покажам ;D.

Инаку, осилоскопот е навистина „цуце“, хахахахах ;D ;D ;D, малечок и компактен, со големина нешто поголема од голем мултиметар и малку потежок од еден таков. Не е само осцилоскоп, навистина има 300 тракатанци (сеуште учам да го работам, врска неам, на аналоген одма ќе се снајдам, ама на ова чудо малку потешко, хахахаха :D :D :D), мада очекував поголем refrеsh rate на осцилограмите да има, ама нема везе, доволен и овој, има дигитален волтметар за наизменичен и еднонасочен напон кој може да мери максимална, ефективна, dB, dBm, dBW и уште некои други опции што не ни знам што се. Може да мери исправност на диоди и отпорници, и временски ја покажува девијацијата од мерената вредност (како график, однсоно осцилограм ;)), може да пишувате и математички формули и да ја множи таа вредност со некоја формула, па да го даде графикот како осцилограм, на пример, да ја пресметате средната квадратна девијација на некој напон, или само девијацијата од некоја претходно зададена вредност, итн.

Може да се користи и на терен, но за жал батеријата му „рокнала“, така да сега може да работи само на адаптер, ама нема везе, и онака не планирав да го изнесувам многу често од дома, а башка што такви NiCd батерии можеш сам да си направиш од неколку батерии споени заедно купени од било каде, е сега најверојатно нема да имаат толкав duty cycle како оригиналот, ама нема везе, сигурно ќе издржи барем едно 2, 3 часа работа на неа ;). Исто така, упатствто што стигна заедно со него е на Германски, ама нема везе, ќе си симнам од net на Англиски упатство. Стигна заедно со куфер, 6 различни типови на сонди кои доаѓаат заедно со него и уште 2 или 3 сонди (и уште некои други корисни тракатанци) кои ги користел претходниот сопственик за различни намени. Имаше и секакви типови на конверторчиња (конектори) за секакви типови на мерења, на пример имаше конектор кој директно може да се приклучи на излез (или влез) од миксета (оние конекторите што се користат за микрофони со фантомско напојување, оние со 3 пинови што се, не знам точно како им е кодното име). Има и поланч за во кола :D. Единствена работа што не беше во кутијата, а би требало да стигне заедно со неа беа големите високонапонски клешти (сонди), ама нема везе, и онака најверојатно нема да ги користам, а и да ми притребаат можам сам да си направам ;).

Осцилограмите имаат релативно солидна резолуција на прикажаниот сигнал, очекував малку поголема да биде, но и оваа е задоволителна. Има вграден генератор на синусоидален и правоаголен напон што може да генерира сигнали до 20MHz (барем колку што успеав да сватам малку нешто од упатството на Германски). Кога ги врши мерењата на осцилограмите, автоматски мери фреквенција со точност до втора децимала (!!!), максимална и минимална вредност на сигналот (повторно, со точност до втора децимала) и уште некои други параметри кои сеуште не знам што се, хахахахах :D :D :D. Има опции за hold (freeze), меморија и (како што кажа Goce) може да се врзе со компјутер, но колку што забележав, само преку оптика. Колку што видов, заедно со него не дојде таков кабел (а не видов во упатството дали со негоа заедно стигнува и тој кабел), така да изгледа ќе треба да се снаоѓам, зашто изгледа не е стандарден приклучокот. Башка, не ни знам како ги разменува податоците со PC-то, дали преку SPDIF или преку некој друг оптички приклучок, стварно не знам: Ама, ко што рекле старите „отом потом“, прво да научам да ракувам со него, па после се останато :D.

Како и да е, веднаш штом земам фото апарат, веднаш ќе го сликам :D, мора да го видите, како што (малку премногу) описно се изразив претходно, ептен е „цуце“, хахахахаха ;D ;D ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Осцилоскоп
« Reply #17 on 23.04.2010, Friday, 16:03:01 »
Ај со среќа да си го работиш, 350 евра за Fluke Scopemeter е неверојатно добра цена!
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Одг: Осцилоскоп
« Reply #18 on 23.04.2010, Friday, 16:22:00 »
Со здравје да си го служиш...И јас се слагам со Борче дека ова е нереројатна ЦЕНА!!!  ;)
Инаку топ работа си си завршил...  ;D
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Осцилоскоп
« Reply #19 on 23.04.2010, Friday, 16:29:56 »
Па тоа искрено и јас тоа мислев, за 350 евра не верував ни дека на старо ќе најдам некој добар социлоскоп, а камо ли дигитален, и тоа Fluke :D.

Сега баш си симнав user manual, читав дека може да генерира синсоидален, правоаголен и рампа: Значи имаш осцилоскоп, волтметар, омметар и сигнал гeнератор се во едно ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Осцилоскоп
« Reply #20 on 23.04.2010, Friday, 19:21:31 »
па ти не си земал осцилоскоп...ти си земал цела работилница ;D.... па ај со среќа да си го користиш  :-*
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
Одг: Осцилоскоп
« Reply #21 on 23.04.2010, Friday, 20:26:59 »
Честитки за одличната зделка и со убаво да си го користиш осцилоскопот.
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Осцилоскоп
« Reply #22 on 23.04.2010, Friday, 20:28:03 »
ајде со здравје да си го користиш
да те служи долго време
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Осцилоскоп
« Reply #23 on 23.04.2010, Friday, 21:03:09 »
Фала, фала на сите, поубав да си купите ;). И јас се надевам дек долго време ќе ме служи... :D
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Одг: Осцилоскоп
« Reply #24 on 24.04.2010, Saturday, 22:50:39 »
Со здравје да го користиш ке бидеш презадоволен од fluketo а и мене вчера ми рикнаа батериите :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Осцилоскоп
« Reply #25 on 24.04.2010, Saturday, 23:03:41 »
Јас уште сега почнав да го чепкам, нешто со manual, нешто сам, навистина има илјадници опции, стварно е „цела работилница“, хахахаха :D :D :D, планирав да си правам сигнал генератор, ама со Fluke-во, не морам :D.

Само што уште не открив како се врзува со PC, не сум стигнал до тој дел од manual-от уште.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MAKEDONIA

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1253
  • Gender: Male
  • Da bides idiot e najtesko,konkurencijata e silna
Одг: Осцилоскоп
« Reply #26 on 24.04.2010, Saturday, 23:18:27 »
samo ne go raboti so gigawatt smali na mikrowat
Z33MK

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Осцилоскоп
« Reply #27 on 25.04.2010, Sunday, 00:21:07 »
хахахахах :D :D :D... море ќе го остаам, нека иде out of range... хахахахаха :D :D :D

(joke ;D)
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Осцилоскоп
« Reply #28 on 10.05.2010, Monday, 22:04:38 (Edited 10.05.2010, Monday, 22:24:14) »
Eпа еве го осилоскопот ;D.




Кој ги сака сликите со поголема резолуција, еве link ;).

Code: [Select]
http://www.box.net/shared/2smhfi1rs9
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."