Денес имав слободно време и направив некои мерење
. Инаку проблемот е отстранет
.
Прво, фатив да мерам некои од работите кои беа предложени од некои од членовите. На пример, прво на омско подрачје на унимерот проверив дали има некоја конечна отпорност меѓу земја и некој од напојувачките водови (нула, фаза), немаше. Потоа, со скратен машки приклучок (утикач), само преку нови буксни, беше приклучена машината за перење да работи, а меѓу двете маси (онаа од штекерот и онаа од машината за перење) беше ставен амперметар (унимер на струјно подрачје) на подрачје од 20A~. Машината наполни вода, па беше ставена на вриење, па на центрифуга и некои други подрачја со цел да се види дали при поголемо оптеретување на машината се јавува течење на струја према маса. Амперметарот не индицираше ништо, дисплејот цело време стоеше на 0.000A. Но, забележав дека со овие буксни, штекерот воопшто не загреваше, а не загреваше многу ни предниот дел со прекинувачите (беше топол, ама далеку од жежок).
Ова ми беше малку чудно, па фатив и го отврив машкиот приклучок (утикачот). По малку подетална анализа на кабелот, забележав кабелот всушност се прецвикал на две места, едното многу блиску до буксната, а другото, веднаш под стегата за прицврстување на кабелот за машкиот приклучок. Затоа и толку греел штекерот. Всушност, ѕидниот приклучок не ни бил проблематичен, цело време грееле машкиот приклучок, односно каблите, оваа топлина се пренесувала на буксните, а овие пак го грееле ѕидниот приклуок. Јас мислев дека ситуацијата е обратна :S.
Како се прецвикал кабелот, не знам. Всушност, кабелот не бил целосно прецвикан, бил делумно прецвикан и затоа греел. Имаше само неколку исправни лицни, се останато беше стопено од греење. На секцијата која се стега кабелот за машкиот приклок, таму јасно ми е како настанало прецвикувањето (премногу бил стегнат кабелот изгледа или со време, од вртење, приклучување, вадење, ова она, се прецвикал), ама за делот измеѓу буксната и стегата за кабелот... навистина не ми е јасно како се прецвикал таму
. Можно е да бил од претходно делумно прецвикан, па кога сум го менувал машкиот приклуок, да за малку не сум го отсекол тој дел и да сум го монтирал така.
А инаку, не забележав никави аномалии при проверката на машкиот приклучок, пред да го сменам последниов ѕиден приклучок, бидејќи приклучокот се отвора на половина (по средината од буксните) и целиот ќумуросан дел од кабелот бил на другата страна (онаа која не се гледа само со отворање на утикачот, треба да го отвориш и да ги дигнеш буксните за да го видиш проблематичниот дел, а јас, за жал, не го направив тоа :S... бев скоро целосно убеден дека машкиот приклучок е во ред). Кога го отворив целосно веднаш го забележав ќумуросаниот дел од изолацијата од долната страна на приклучокот. Потоа, ја пресеков на половина изолацијата од оној вод кој беше ќумуросан и видов дека проблемот не бил само на тоа место, туку дека имало уште едно место блиску до тоа место кое било проблематично (она каде што кабелот се прицврстува за приклучокот со стеги).
Како и да е, тој дел од кабелот (и малку по тоа место) е елиминиран (скратен). Пак го ставив истиот машки и женски (ѕиден) приклучок, со таа разлика што и двата беа исчистени и избрусени од нечистотии, од оксидиран метал од греење, итн. Сега, ги светнав и двата приклучоци (не само едниот, како претходно што направив) и нема проблем. Еве, баш сега е пуштена машината на вриење, заедно со алишта, кај приклучокот, штекерот воопшто не грее
. Добро, малку загреваат буксните, ама тоа не е ништо сериозно, како да сте ги држеле буксните едно 5 минути во рака, сосема нормално за толку јак потрошувач
.
Памет за друг пат: проверувај ги детално сите места, а не само она кое мислиш дека е проблематично
.
Благодарам на сите за советите, предлозите и понудите за помош
.