Овој проблем го имам од по одамна, но морав да пробам се, па дури тогаш да прашам.
Значи вака. Машината за перење го прегрејува шеткерот до степен да се топи или чади. Сменети се три шеткери до сега, секој од нив се стопил или чадел. Првиот имаше бакелитна шасија за контактите, бакелитот почна да чади, по неколку „чадења“, веќе морав да го сменам бидејќи почна од прегрејување да се крши бакелитната шасија за контактите. Вториот, имаше керамичка шасија за контактите. На овој, не му се стопи шасијата (бидејќи е од керамика), но оклопот беше пластичен и целосно стопен (дури и дел од стопената пластика се имаше сраснато со керамиката и едвај го отворив за да го сменам). Третиов, не е нов, но е Југословенски, стар, изваден од приклучок за кујнско бојлерче. Штекерот беше во одлична состојба. Освен тоа, контактите ги избришав и исшмирглав (на местата каде што буксните треба да имаат контакт), целиот штекер беше исчистен (од прсканици од манџи, ајвари и што уште не
) и сметав дека е целосно исправен. Прво, за тест, пред да го монтирам, го пробав со правосмукалка која влече околу 8A струја, а паралелно на правосмукалката, на штекерот приклучив и калорифер со моќност од 2KW (преку добар, квалитетен „лопов“ со два излези). Го оставив така да работи некое време (околу половина час) и немаше никаков проблем, штекерот само малку се загреа. Контактите беа топли, но далеку од жешки (да не можат да се допрат). Уверен дека штекерот има добар контакт и дека е во одлична состојба, го монтирав (да потсетам, ова е веќе трет штекер) на местото на кое треба да се приклучи машината за перење.
Кога машината за перење е пуштена на 40
oC (за шарени алишта), штекерот (машкиот, од машината за перење, не тој на ѕид што е монтиран) беше прилично загреан (далеку од тоа да не можеш да го допреш или да чади, ама па затоа, кога ќе го извадиш штекерот од ѕидниот приклучок, буксните беа прилично топли (накај жешки, може да се допрат и да не се изгориш, ама не можеш да ги држиш). Денес, прв пат по монтажата на последниот (третиот) ѕиден штекер, машината за перење беше пуштена на „вриење“ (бели алишта, постелнина). Е сега, слично како и претходните, штекерот почна да чади
.
Сега сум веќе убеден дека машината за перење е проблематична. Проверен е машкиот приклучок (од страната на машината за перење), нема проблем со буксните, шрафчињата за стегање на жиците се одлично стегнати. Освен тоа, и тој е еднаш менуван (од истата причина, прегревање и топење на пластиката околу контактите) со стар (исто Југословенски) бакелитен штекер. Исто како и ѕидниот приклучок (штекер) и овој беше репариран и исчистен (исто како и последниов трет штекер, изваден е од кујнско бојлерче, па мораше и тој да се чисти од мрснотии и нечистотии).
Мислам дека проблемот е последица на една од две причини:
1) Некаде во машината за перење има лош контакт, најверојатно кај греачите, бидејќи тие влечат најмногу струја, контактот прегрева и троши додатно струја за совладување на отпорноста од лошиот контакт, па ова предизвикува прегрејување на штекерот.
2) Греачите се неадекватни (трошат премногу струја). Не знам кој се не ја има чепкано машинава за перење (не сум поправал машини за перење претходно, не сум навлезен во оваа проблематика, најдалеку што сум стигнал во поправање на бела техника се фрижидери и тоа основни проблеми, промена на термостат, проверка на мотор, врзување на мотор, итн., така да, и јас како и сите останати „обични смртници“, сум викал мајстор кога ќе се расипела машината за перење
), така да, не знам дали се менувани, какви греачи се монтирани и дали се адекватни за таа машина за перење.
Мислам дека е нормално малку да е загреан штекерот кога машината за перење е на вриење, ама што знам... ова веќе е претерано. Не можам само штекери да менувам
. Ај, и не ми е толку гајле за парите, ама па ѕидот е бушен веќе 3 пати на три различни места за дупките за трите различни штекери, веќе решето е :S. А да не зборувам и за одвоеното време за монтирање на штекерите :S. Не можам јас секој викенд по едно вриење да одвојувам по 2 часа за менување на нов штекер :S.
Прашањето ми е: ако може некој да ми сугерира што да проверам и кај да проверам, дали да ја отворам машината за перење, дали да не ја отворам, дали нешто трето да проверам, да ја проверам внатрешната инсталација, итн. Исто така, дали е некој запознаен со сличен или ист проблем баш со оваа машина за перење (Gorenje PS 30.6 Economic), не знам, можеби е некој типичен проблем со овој модел на машина за перење.
Искрен да бидам, ова не се случуваше порано, почна пред околу две години. Не сум сигурен, ама мислам дека проблемот прогредираше. На почетокот, штекерот почна само повеќе да грее, ама ајде, си викам, ништо страшно, можеби со време контактите малку оксидирале, па нема доволно добар контакт. Потоа, почна сериозно да загрева, се додека не дојде до чурење (на првиот штекер, кој, морам да напоменам, не беше сменет откако сме вселени во станот уште во 80-тите), по што мораше да го сменам. Истото се случи и со вториот, со таа разлика што овој не чуреше (барем не многу) бидејќи шасијата беше керамичка (само оклопот беше пластичен). И сега третиов... на 40
oC грее, на вриење, чади :S.
Еве како изгледа ѕидниот штекер, сега, по „чадењето“.
Исто така, забележав дека делот со прекинувачите во машината за перење (оној дел со копчињата за ON/OFF, Economic...) е многу загреан кога работи машината. Не го допрев за време на работа на машината, ама дури и по два часа по гасење на машината, делот со прекинувачи беше топол. Еве слики од него.
Се гледа дека скоро сите контакти за клемите се оксидирани, а и посивени (претпоставувам од греење), ама не се разбирам премногу во бела техника, можеби ова и не пречи многу на работата на машината
.
Не знам... ако некој знае, нека даде некој совет, што да проверам, на кои места, што да мерам, колкава отпорност треба да има од точка до точка преку две или три клеми, итн.
Однапред, благодарам
.