тоа полначот не е оргинал со бормашината? какви батерии користи? Ni-Mh, Litium, Pb
кој е типот на бормашината да видиме информации на интернет!
Не е проблем струјата на полнење, и да е помала од 10% од максималната што ја даваат батериите 6.5А или односно 0,65А за полнење, проблеме е ако има оштетена една или повеќе од батериите кои се 12 единични во серија поврзани во самото куќиште, Отвори го и провери ги една по една, дали го имаат потребниот напон од 1,2 до 1,4 волти, и како ќе се однесува ако има потрошувачка. Поврзи еден отпорник од 20 оми а 20 вати поточно напасувај повеќе паралелно да ја натокмиш снагата и отпорот. па мери ја секоја ќелија како ќе се однесува.Полначот треба да дава повеќе од 17волти за да има полнење. а тоа отпорниците и диодата се кога полни низ отпорникот има пад на напон и лед-от свети (полни) кога ќе се намали струјата на полнење падот на напонот се намалува и ЛЕД диодата не свети (полно). ништо битно само визуелни ефекти. Добрите алати од реномирани фирми (АЕГ, МАКИТА) користат полначи со процесор и се универзални од 9 до 19 волти самите ја испитуваат батеријата и се подесува за таков напон и режим на работа.
па пиши што ќе откриеш