Како бивш ТВ сервисер, деновиве расчистувам во работилницата, (читај фрлам работи кој ги чувам кој знае од кога). Го најдов упатството за Искрин исправувач заедно со гарантниот лист, сигурно е постар од многу членови тука. Купен е 1979 год. и сеуште беспрекорно функционира, има работено со месеци без исклучување, има преживеано безброј кратки споеви, и уште работи.
Затоа ја ставам шемата тука, можеби ќе му користи на некој помлад колега.
Ќе постирам шема и технички карактеристики за него, ако некому му треба можам да го скенирам целото упатсво, во кое е опишан принципот на работа (10-на стр.), подесувањата, монтажни скици, предна плоча на исправувачот, точен список на делови.
Инаку одличен исправувач за тоа време, богами и за ова време е супер, многу стабилна регулација на напон и струја, сигурен, издржлив.