Со VA се означува моќност на уред кога фазата на струјата и напонот на излезот од уредот (најчесто, напојување) не се усогласени (струјата предничи или доцни зад напонот). Со W се означува моќност на уред кај кој струјата и напонот имаат усогласени фази. Затоа кај обичните трансформатори моќноста се означува со VA. Бидејќи станува збор за индуктивни уреди, кај нив фазата на струјата доцни зад фазата на напонот за 90 степени. Слична е ситуацијата и кај многу други уреди. Ако струјата и напонот на излез од уредот не се во фаза, по правило (што не секогаш се применува), моќноста која може на излез да ја даде уредот треба да се означи со VA.
А сега, послушај ги советите на Maki и на batka. Не е невозможно да се изведе тоа што го бараш, ама бара многу работа и многу познавање од електроника. Подобро не чепкај, тргни ги на страна инверторите, некој ден кога ќе имаш поголемо познавање и адекватна опрема, ако сеуште имаш желба, побарај помош на форумов.