Пробај вака, исклучи го радиото, притисни го копчето AS, вклучи го радиото и држи го копчето AS притиснато уште пет секунди.
Сега би требало да може да се впише кодот.
Со копчето со број 1 се внесува првата цифра од кодот
Со копчето со број 2 се внесува втората цифра од кодот
Со копчето со број 3 се внесува третата цифра од кодот
Со копчето со број 4 се внесува четвртата цифра од кодот
Со првото притискање се испишува нула, со второто единица итн.
Откако ќе ги внесеш сите 4 цифри од кодот, повторно задржи го копчето AS неколку секунди, по што радиото би требало да се вклучи.
Доколку погрешиш нешто, радиото ќе се блокира 10 минути, па потоа ќе може повторно да пробаш.
Ако погрешиш повторно, треба да го оставиш радиот вклучено повеќе од еден час, и ќе имаш уште една шанса. Ако пак погрешиш, радиото ќе се блокира засекогаш.