КилоВолт, гледам дека во шемата што си ја приложил ... има посебно л пад атенуатор (долната триода од шемата).
Претпоставувам дека мислиш на катодниот следител.
Па сака да ја искористи шемата од проектот во темава, ама таа не одговара за неговите потреби. Му пишав, нема ништо да добие на излез, само шум.
По препорака на Гига, ја симулирав во Multisim- го ослабуваше сигналот значајно со овие кондензатори- ги кренав двата на 2uF и излезниот напон беше влезниот x3. Освен овие наведени претходно, не направив други измени...
Ако мислиш на шемата од Unforgiven, мислам дека вредностите и на двата кондензатори се 22uF/400V, а не 2uF.
за засилувањето незнам не сум го пресметувал но секако можеш да го пресметаш ако сакаш. Исто разликата од симулатор до пракса пред се кај лампите е огромна.
Пууууу... ова на сопствена кожа го имам искусено. Па и од хартија до реална изведба има огромна разлика. Со три различни цевки добив три различни вредности за засилувањето и разликите не беа мали (мислам дека најмало што добив беше околу 0.65, а најголемо околу 0.81 или 0.82, така нешто). Ова не е баш мала разлика.
Добро, ако на ова го надодадам и фактот дека сите три цевки биле претходно користени и беа од различни производители (Philips, Tungsram, Ei), јасно е зошто се јавија толкави разлики
.
на пример јас ги користев графиците и податоците од филипс, а додека тие во симулаторот може се од телефункен или некој друг поризводител.
Па и онака online најлесно се наоѓаат datasheet-овите од Philips
. Доволно добри се
. И јас ги правев пресметките со нив
.
Моделите во симулаторите се многу прости. Не се земени во предвид многу зависности. На пример, најчесто во SPICE моделите е земена средната вредност на напонското засилување u. Не е земено во предвид дека зависи од транскондуктансата и од внатрешната отпорност на цевката и дека се менува за различни вредности на струјата низ цевката. Начекав некои SPICE модели online кои ја земаат во предвид и ова зависност, ама имав проблеми да ги импортирам во Multisim и се откажав.