Сакав да кажам дека ние како корисници со телефоните неможеме да прислушкуваме, нити нешто слично, но мобилните оператори можат да ни прават што сакаат, да не прислушкуваат, да ни ги читаат пораките, да ни го следат трансферот на пакети, ама баш буквално се. И не постои телефон што може поинаку да се врзе со базната станица, ако некој телефон би пробал поинаку да се врзе со базната станица едноставно нема да може да оствари комуникација. И да појаснам малу, секој трансфер на податоци по GSM мрежата е криптиран, и во него се носи и податок за IMEI, IMSM, и уште многу други работи, и ако се има алгоритамот за декриптирање може било кој со соодветна опрема да прислушкува, но во соодветна опрема не спага хакнат телфон. Тие алгоритми не се наогаат тукутака по интернет и подобро снабдените хакерски заедници или тајните служби ги поседуваат и можат да прислушкуваат и без одобрение од операторот. Тоа го прави CIA, па и многу други служби надвор од матичните земји каде што немаат право да прислушкуваат. Инаку како оди комуникацијата од микрофон до базна станица во некоја друга прилика затоа што има многу што да се зборува. А и навлегување во детали е доверлива работа и ке го оставам на оние кои ке сакаат и ке можат да ни се придружат во тимот девелопери на ST Ericsson и да откријат се во детали. Патем ке имаат пристап и до многу тајни работи и ке знаат буквално повеке од хакерите.