п.с.во просторијата каде што се користи се непушачи,нема прашина...
Па можеби треба да почнете да пушите
. Можеби ќе се среди проблемот, хахахахаах
.
Се зезам
.
Значи вака. Ова е малку долг процес, макотрпен и „пипав“, но, се исплати
. Еве јас како ги средувам овие проблеми
. Се разбира, ова е многу тешко да се изведе ако графитните контакти се преситни, но ако не се, може да се проба
.
Ти требаат следните материјали: ситна шмиргла (100 или поситна), супер лепак (секундарен), алуминиумска фолија.
1) Ја сечеш алуминиумската фолија на кружни парченца кои имаат од прилика исти димензии како и графитните контакти на проблематичните копчиња.
2) Ја поминуваш графитната површина со ацетон (за да ја исчистиш од маснотии и нечистотии), а потоа, ја шмирглаш со ситната шмиргла (не премогу, колку малку да стане рапавка, да нема отсјај).
3) На графитните контакти ставаш многу многу мала количина на супер лепак. Не многу, не да има цела капка на графитната површина, малку, ептен малку, буквално го допираш врвот од тубичката супер лепак на графитната површина, толку е доволно.
4) Во најбрзо можно време по поставувањето на супер лепакот, го поставуваш алуминиумското парче врз графитот. Надобро е ако претодно, пред да го ставиш супер лепакот, го имаш поставено на некој од прстите на раката (онака, само да стои на него, ако е доволно мало, нема да падне
), за да можеш што е можно побрзо да го наместиш врз графитниот слој со супер лепак.
5) Чекаш околу една минута или две да се исуши супер лепакот и проверуваш дали алуминиумското парче е убаво залепено за графитниот слој (пробуваш малку да го мрднеш со прст) и ако се е ОК, ја поминуваш површината на алуминимскиот слој со ситната шмиргла (многу лесно, ептен малку, еднаш или два пати, за да се исчисти од нечистотии и од евентуално разлеан супер лепак од таа страна, во случај ако многу си стиснал, па се тоа да се разлеало и од контактната страна на алуминиумското парче), го склопуваш далечинското и пробуваш дали има добар контакт. Ако има, одлично, си го направил, ако не, пак го правиш истото се додека не добиеш добар контакт.
Димензиите на алуминиумските парчиња може да се и малку поголеми од контактната површина, за кога ќе ги ставиш врз контактната површина, да им ги свиткаш рабовите и со ова да направиш нешто како алуминиумска „капичка“ на графитниот контакт
. На овој начин, се спречува и разлевањето на супер лепак на контактана страна од алуминиумот
. Графитната површина се шмиргла за да може подобро да фати супер лепакот
. Може и целосно да го исшмирглаш графитот, но притоа, ако не ја направиш преправката со алуминиумот, тоа копче од далечинскиот управувач ќе биде неупотребливо :S.
ПС: Инаку, ова го правам само за мене или за блиски пријатели/роднини. На муштерии им викам да си купат ново далечинско. Сега барем се евтини, има компатибилни по пазариве за 100 или 150 денари
.