По мое знаење и разговор со мојот професор, кој јас го сметам за човек со огромно практично знаење, засилувач во АБ класа на работа губи барем 50% во топлина.
Токму така, теоретски, ефикасноста на AB класа не може прецизно да се пресмета без да се знае влезниот сигнал и товарот (дали ќе работи повеќе во A или во B класа и на кој товар), но практично, се покажало дека ефикасноста не е поголема од 60%, а најчесто е околу 50%
. Значи, за засилувач од 100W, ќе ви треба трафо до околу 200VA. Не мора стриктно да се држите до овие препораки, може да се користи и послабо трафо, на пример 150VA кое на peak, можеби и ќе даде 200VA, ама препорачливо е да не се работи вака засилувачот (да не се преоптоварува трафото
).
Притоа, се разбира, зборувам за класични изведби, со транзистори. Ако се користат полупроводнички компоненти со висока ефикасност (90% или нешто повеќе или помалку), се разбира дека и ефикасноста на засилувачот ќе се зголеми
.