Ефикасност на свичинг мосфет не е 90% него е 0%, тек ако го ставиш мосфетот у коло на појачало можеш да мериш ефикасност на тоа појачало.Ефикасноста на појачалото зависи највише од класата на тоа појачало. Свичинг мосфет ставен у појачало класа B ќе даде појачало со мање од 78% ефикасност,исто и ако ставиш биполарни транзистори у класа B ефикасноста е мање од 78%.Ако ставиш свичинг мосфети или биполарни транзистори у појачало у класа D онда ефикасноста на појачалото може да биде 90%, али у овој пост сите шеми се за појачала у класа AB.
Добро де Maki
, па тоа сакав да кажам
. Дека во switching кола, ефикасноста им е 90%
. јас не зборував за ако стојат на страна на работна маса
.
За чиста класа B појачало со мосфети може да се некој процент ефикасност поефикасни од биполарни транзистори, али у аудио техника се користи класа AB а не класа B.Она што биполарен транзистор ќе изгуби малце на ефикасност заради напон на сатурација Vce,ќе надокнади со помала струја на биас пошто за мосфети треба поголема струја на биас за исто изобличење,на крај му доаѓа иста ефикасност за класа AB и за мосфети и за биполарни транзистори.
Јас пишав што имам прочитано. Лично, не сум мерел. Така прочитав. Можно е да си во право, не знам. До толку прецизни мерења, немам правено
. Па ни ти немаш, така да, ни твоето тврдење не може да се земе како апсолутен факт
.
Јас па не сум чул до сега снимка каде бас гитаристот му седнал у скут на бубњарот и двајцата да се у сам центар.
Едниот секогаш се мастерува малце лево од центар или малце десно од центар,ако другиот бил ставен баш у центар.
Добро, сега и тука ли ми најде мана
. Да, се мастерува малку лево или малку на десно, ама далеку од многу, реално, разликата во нивоата на сигналот се многу мали. Некогаш не може ни да се чујат, но може да се забележи разлика во стерео сликата. Како? Епа на пример, на средина ја ставаш бас гитарата и потоа малку на лево или на десно и му кажуваш на некој слушател да ги чуе и двете снимки. Повеќето слушатели ќе речат дека нема разлика, некои со малку по истренирано уво ќе ти речат дека има разлика, ама не знаат што е, некако стерео сликата е подобра, а оние кои имаат навистина изострен слух, ќе ти кажат дека разликата е во левиот (или десниот, како и да си подесил) канал на кој е малку посилен басот.
И зборував конкретно за kick-от во ритам секцијата. Тој секогаш се става на средина
. Јас не знам некој кој не го има ставено на средина
. Да, на премин, при прекршени ритмови, кога бубњарот сака „да се докаже“ во некоја песна, може да се постави малку по на лево или по на десно, зависи од вкус (нели
), но тоа се кратки временски интервали, да речеме, до максимум десетина секунди. Во принцип, останатиот дел од песната (еве да земеме просечно времетраење од 3.5 минути), kick-от е секогаш во центар. Ако не се ставаше во центар, зошто тогаш само со еден микрофон се снима kick-от
. Сите останати ударни инструменти, да, може да имаат и по два и по три микрофони, зависи кои се желбите на бендот и оној кој ја работи опремата. Можно е бендот да побара да им се снима kick-от со два микрофони, не викам не, за лев и десен канал, ама ова се многу ретки ситуации, да не речам, скоро и ги нема. А дури и ако некој бенд постави вакво барање, нивоата пак ќе бидат тука некаде, нема драстично да се разликуваат
.
Музиката е составена од пикови,не е константна синусоида,трафо од 250W е доволно за стерео појачало 2x100W излаз,отвори кое сакаш фабричко појачало и види колкаво трафо има.
Значи, не зборувам за сите останати ударни инструменти, зборувам за kick, оној кој најмногу троши моќност кај аудио засилувачите. Тоа е стрес, аудио засилувачот треба може без проблем да го поднесе тој стрес. Да, ова се решава со додавање на огромни електролити во напојувачка секција, ама тие електролити треба некое трафо да ги наполни
. А да не зборуваме за случаи на брза музика и исполнета со kick-ови, на пример, некои форми на метал (дупла папуча) или некои електронски стилови на музика (rave и некои слични). Трафото цело време под стрес ќе биде и ќе грее.
А го забораваш и фактот дека искористеноста (сам пиша) на засилувачи во AB класа е околу 50%. Ајде еве нека биде 60%
. 60% од 250VA се 150W (притоа, не сметам и згуби во самото трафо, кои ги има, ама ајде, еве, не ги сметам и нив
). Значи, реално толку е вкупната моќност која може да ја даде засилувачот во AB класа. Подели ја таа моќност на два и колку добиваш
. 75W моќност по канал. Значи
75W континуирана моќност. Јас правам муабет за ова, континуирана моќност, а не за peak-ови. На peak, можеби ќе даде и 100 или 120, 130W, ама тоа е peak, може да се случи во еден краток временски интервал еднаш во две или три минути, не 10 пати во секунда
.