Се сомневам во два можни проблеми:
1) Софтверот на авто-радиото е зезнат и ќе менува меѓу радио и CD без разлика дали нешто „тресе“ или не.
2) Некоја ногичка од некој пин или контакт од време на време губи контакт или преспојува кон нешто, но ова се случува само ако нешто „тресе“ во близина на радиото (моторот од колата, звучниците, некој механизам од авто-радиото или нешто сосема трето).
Затоа ти пишав да го пробаш без звучници. Ако не менува меѓу радио и CD без звучници, значи дека нешто хардверски не е во ред со радиото. Ако менува, најверојатно проблемот е софтверски... но не мора да значи. Можно е и механизмот за CD-то да измрдува нешто, па и тој да пречи и пак да е во прашање хардверски проблем, а не софтверски.
Во секој случај, прво пробај тоа што ти пишав, па потоа врз база на резлултатите, ќе разгледуваме други опции.
Еве ти изводи со напони од ATX напојување и како да го пуштиш без да имаш матична плоча врзано за него.