кога велев арматура шипка мислев дека е дел од бетон на темелите, но овака ништо од тоа, она што е во земја мора да е поцинковано, инаку одма ќе зарѓа, а оксидот е изолатор.значи ти треба водоводна цевка(поцинкована) дебелина од цол должина 1,5м и да ја набиеш во земја, но прво ископај кратер од длабина 0,5метри, па потова со токмак набивај до доле. Горниот дел од цевката претходно направи отвор за штраф, на растојание од 15см од врвот зошто со токмакот ќе се деформира ако е до самоти врв. бакарната жицата стегни ја убаво со штрафот, обавезно да има и федер шајбна и може тој дел на спој да го намачкаш со маст за автомобили, за да нема корозија, како капак стави пресечено пластично шише, и потоа затрупај ја дупката. ништо комплицирано, а според земјиштето (глина) би требало да се добри резултатите. ако се слаби ова го повторуваш на 2-3 метри подалеку од првата дупка а жиците се споени од двете сонди со заедничкото заземјување на објектот- куќата.
ФИД склопка обавезно ја препорачувам без тоа какви се резултатите од мерењето на заземјување!