Прво оти напишав мобилни уреди, оти не секогаш само телефоните треба да се полнат
, полначов е за се она што би можело и преку USB да се полни, односно се она што се полни на 5V.
Пред некое време средував малку низ работилница и налетав на постара матична плоча, на плочата имаше 2 SP34063 (KA34063), инаку ова се DC-DC (SMPS) контролери со максимална излезна струја до 1,5A и напон на напојување од 3V па се до 40V, фреквенција на работа од 100Hz до 100kHz. Напојувањето мое работи негде на 40kHz.
Во даташитот се спомнува дека има искористеност (ефикасност) до 95%, ама тоа е при тотално оптоварување, а при помала струја до кај 60%. Моево е дизајнирано за струја околу 900mA-1A
За жал шема немам, од повеќе шеми искомбинирав една на лист, од која после ја нацртав и плочата, плочата (во атачмент) е проверена и работи 100%, можеби сака мали измени ама таман си е за моите потреби.
Шемите од кој извадив одредени делови
За жал од склопената верзија немам слики пошто веднаш ми беше одземена откако го склопив уредот (братми сакал да го испроба).
еве нешто од тестовите слики