Не сум пробал до сега со ацетон и алкохол но ми изгледа дека е по сложено од тонер трансфер со пегла, има повеќе чекори и потребни се повеке работи.
Мене пак поедноставно ми изгледа
. Никако не можев да го погодам тоа со пеглата
. Или не се лепеше тонерот, или се размачкуваше или се сплескуваше, па водовите се допираа... никако да излезе како што треба :S. Тек по 5, 6, 7 пат ми излегуваше како што треба. Не дека имам направено стотици плочки со тонер трансфер, ама кога прв пат ја објаснуваа постапката (не знам каде читав) беше објаснето како „ова е многу лесно, нема веќе маркери, нема веќе ова, она, боза работа, само принтај и пеглај, бла бла бла“
. И јас помислив, ај да пробам... ма не бе, нема шанси, никако да погодам како што треба. Ај, си викам, прв пат ми е, ќе се испраксирам
. Прави втор пат... бетер
... првиот пат од 3-ти пат, вториот од 5-ти, 6-ти... ај, пак си викам, трета среќа
. Ма не бе, јок, третиот пат беше најдолг
. Пола тонер истрошив, никако да направам асален трансфер. Можеби уште еднаш или два пати потоа да правев, ама видов ова не иде на поарно, или тапкам во место или одам на бетер и се откажав :S.
Дефинитивно ова за мене е полесно отколку пегла, кај пегла мора погодиш температура и куп други марифети.
Да да, како што пишав, ова дефинитивно би го пробал
.
Дали има некој работено плочки со ситопечатенје во домашни услови?
Кои бои се содветни за печатенје колку ситно треба да биде ситото?
Никогаш немам пробано. Кога видов што се треба да имам за да направам сито печатење на плочка, се откажав.
Јас сум на ниет да преправам ласерски штампач... ако успеам тоа да го направам, тоа е раат работа
. Е, тогаш, фабрика ќе отворам
.
Ама се нема времеее :S... ах, што би дал да има само за мене денот 48 часа
.