Ова е еден туторијал за изработка на плочка со помош на тонер трансфер.За да изработиме плочка со тонер трансфер потребни материјали и алатки се:
1.Фото хартија (може и конздрух)
2.Пегла
3.Ласерски принтер
4.Алуминумска волна
5.Бакарна Плочка
6.Четкичка за заби
7.Киселина и хидроген (во мојов случај,јас користам 30 процентен
)
Постапки:
1.Првин плочката се чисти со алуминиумска волна (астра жица),откако ќе почне да сјае плочката на едно парче памук се става Ацетон и плочката се брише.Никако да не се фаќа со прсти дека ќе нема да испадне добро постапката!
2.Со ласерски принтер го печатиме дизајнот на водови на конздрух хартија (фото хартија),исечената плочка (во зависност колку ни треба) ја поставуваме под конздрух хартијата и со селотејп ја зацврстуваме плочката со хартијата.
3.Во 3-тата постапка потребна ни е пегла и плочката каде што плочката ја притискаме со пеглата и ја оставаме врз неа.Пеглата се поставува на 1,5 од скалата и малку по малку ја потискаме.Пеглата треба да стои врз плочката околу 15 минути на 1,5 од скалата.На крајот т.е. последните неколку минути со врвот од пеглата ја притискаме плочката по ќошињата и по краевите.
4.Во пластичен сад ставаме врела вода а внатре ја ставаме плочката за да хартијата набубри во време од неколку минути(1-2мин.) откако ќе набабри се вади (трга) хартијата,за да не испаднат водовите со четкичка за заби ја триеме додека не испадне.
5.Откако ќе ја исчистиме плочката од хартијата ја ставаме во раствор од солна киселина и хидроген(30%) јас користам 30 процентен хидроген и постапката на нагризување оди побрзо.
Ова беше еден скратен туторијал за како да се изработи плочка (ППК) со помош на тонер трансфер и конздрух хартија,слики има подоле како ми испаднаа плочките на мене и колку се добри
;Dмислам да се размисли и да ја користите оваа постапка за изработка на плочка.Користам и една друга хартија,таа се вика фото хартија за слики и дома имам многу,се продава на парче и во пакување но со димензии од 220*100.Не изработив плочки со нејзе дека немав време.Постапката со тонер трансфер јас ја користам за правење на плочки за појачала(широки водови има) додека пак фото постапката за дигиталната електроника(ситни водови има)
ПС.Мислам дека ќе им помогне на сите што пробале и не им успеало,но и на тие што сакаат да пробаат. :)Следи и друг туторијал како да се направи плочка со фото постапка.
http://pic.mk/images/p9240001.jpghttp://pic.mk/images/p9240003.jpghttp://pic.mk/images/p9240005.jpghttp://pic.mk/images/p9240007.jpghttp://pic.mk/images/p9240010.jpg