Не е тајна, калафониумот се купува во вид на мали, обично правоаголни калапчиња. За да не го чекаш долго време да се раствори, прво треба да го здробиш што поситно, најдобро да го ставиш во најлонско кесе, како оние за замрзнување, и со гумен чекан да го удираш додека не стане како прашина. Неа после ја ставаш во некое шишенце, како оние малите стаклени од лекови и додаваш 96% алкохол, дупла количина од калафониумот, го затвараш шишенцето и добро го матиш. Обично треба неколку дена додека се раствори целиот калафониум, и за тоа време неколку пати дневно треба да го проматуваш шишенцето. Кога ќе се раствори целиот калафониум, со четка нанесуваш од рестворот на плочките и кога ќе се исушат се заштитени и спремни за лемење. Ако ти е превише густ растворот може да го разредиш со додавање алкохол.