Пертинаксот не е толку опасен, иако и за него (а и за многу други материјали) треба да се става респиратор или барем од тие докторските маски. Со витропласт или фиберглас ова е под обавезно, да ја дишеш таа прашина е исто како да дишеш стаклена прашина.
Плочката што си ја купиш ако е кафена и непроѕирна тогаш е пертинакс, ако е сјајна, (полу)провидна, стаклеста и како армирана тогаш е витропласт, пертинаксот исто така е доста кршлив, витропластот не...