Имам гледано преправки и на ласерски принтери, само што сеуште не е усовршена таа „технологија“
. Ова со inkjet е проверена работа
. Има многу кои имаат преправано online, а и еден член од форумов имаше преправено inkjet принтер
. Баш го презнетираше на форумов
. Проблем е што секој модел е различен и не може да се направи универзална постапка за преправање :S. Јас кога би преправал, би документирал се, ама џабе кога таа преправка би функционирала само за тој принтер :S.
Како и да е, поентата ми е дека не можам да се замарам со тонер трансфер. Едноставно... не знам, изгледа не ме бива за тоа или не ми ја бива пеглата или тонерот (инаку, имам HP ласерски принтер, знаев дека тие ги препорачуваат за тонер трансфер и баш затоа и купив HP), можеби и немам доволно нерви за тоа... не знам што е, ама искрено, подобро ќе потрошам година дена да преправам inkjet отколку да трошам часови и нерви над лавабо со четка за заби во рацете надевајќи се дека 20-тиот трансфер ќе излезе како што треба
. И искрено, до сега ниеден трансфер не ми излегол како што треба, секогаш требаше да доцртувам водови што фалат, па гледај кој фали, па земај лењир, па со маркер доправај... немам нерви
, ќе платам некој да го прави тоа, ама немам нерви јас да го правам
.