Вчера ја пробав тонер траснфер постапката, по едно 6 или 7 обиди, конечно успеав (скоро) цел тонер да го префрлам на плочката
. Но некако малку размачкано се префрли, изгледа многу стискав со пеглата, ама па ако не стискав, не се преафрлуваше тонерот :S. Користев глоси хартија (од флаери од VIP
), а хартијата потоа ја вадев со вода бидејќи не сакаше да се одлепи сама од себе :S (како што рекоа некои членови на форумот, дека се вадела сама од себе глоси хартијата). Како и да е, единствена грешка што константно ја повторував е обидот да ја одлепам хартијата од плочката без вода, при што (нормално
) се одлепуваше скроо цел тонер од плочката. Затоа, совет за почетниците, бидејќи хартијата е најверојано залепена за плочката од толината од пеглата, вадете ја хартијата под вода со помош на четка за заби
. Ако е потребно, извршете корекции со маркер (за мене барем, беше потребно
). Исто така, не ги лепете селотејчињата за држење на плочката на исто место на плочката врз дел од испринтаната хартија на кој има водови, на тоа место нема да се префрли тонерот :S. Подобро оставете малку простор од краевите на плочката и на тие места ставете селотејп. Лепење на цела страна од хартијата со селотејп за да се држи статично за плочата е истао така ложа идеја. Ако тонерот не се префрли на некое место од хартијата, потоа ви останува еден куп стопен лепак (од селотејпот) кој треба да го исчистите од плочката, што не е баш лесна работа (за да можете повторно да ја реискористите плочката). Доволно е да имате малку селотејп залепено на ќошињата на хартијата, ова се покажа како најдобра комбинација
. Кога ќе ја лепите хартијата за плочката, убаво погледнете да не има некои издигнувања на хартијата над плочката (празен простор меѓу хартијата и плочата), бидејќи, ако има, на тоа место каде што е издигната хартијата над плочката, нема да се префрли тонерот, а тоа понекогаш може да ја зафаќа и половина плочка (I learned it the hard way
). Кога ќе ја пеглате плочката, ставете два лсита стари весници под и над плочката за да не се лепи стопениот селотејп за подлогата и за пгелата (првиот пат кога пробав да ја пеглам плочката, ставив само од озгора хартија, за да не се лепи стпениот селотејп за пеглата, ама потоа видов дека сум требал да ставам и одздола, имаше стопени парченца лепак од селотејпот за подлогата :S). Како и да е, морам да признаам дека постапката е прилично „пипава“ :S (а јас некако губам нерви и контрола на вакви „пипави работи“
). Искрено, се мислам дали постојано да ја употребувам, но, за жал, во моментов немам подобра опција :S. Така да, изгледа и јас сум заглавен со тонер траснфер постапката. Мислам дека потребно е само малку повеќе пракса со ова постапка за да се испраксира. Вчера се изнервирав бидејќи принтав и лепев 8 пати за да направам две плочки
(за првата, дури 6-тиот пат ми се погоди, за втората, имав само една грешка, и 8-миот пат се погоди
), што ми одзеде околу добри 5 часа работа :S. Плус, далеку од совршени беа плочките, требаше да ги корегирам со маркер, и тоа уште толку ме деморализираше :S (некои членови ја објаснуваа постапкава како „плукни залепи“, и нормално, мислев дека е скоро баш така, принташ, пеглаш, оп, имаш плочка, нагризуваш и тераш работа
, што е далеку од вистината
).