Ако правиш плочки со toner transfer методот тајната на успехот е да користиш што потенка хартија, и тоа од онаа сјајната (во книжара барај ја како кунздрук). Во краен случај можеш да искористиш и лист од старо списание, најдобро некое странско, повеќето од нив се печатени на многу тенка сјајна хартија, само исечи еден лист и штампај на него и со малку експериментирање со “пеглањето“ ќе добиеш сосем пристојни резултати. И обавезно штампачот подесување на најцрно!
епа јас правам со нај нормална обична бела хартија за печатар, плочата е стакло се излегува без да останат некој ќошиња ова она, излегува како со фото постапка да сте работеле, ама има една финта, после печатењето исечете го лифчето со шаблонот по саканите димензи и ставете го на плочата и тука залепете го за плоча на краевите, ама да не покривате од водовите. Гледајте убаво да е затегната хартијата, после ова земете во еден сад турете вода, макнете ја плочата со се хартија во вода, извадете ја и со прст прицкајте на хартијата се додека не почне да се гледаат водовите, да стане прозирна хартијата, исприцкајте ја цела. После ова само земе на највисоко ниво со нормална пегла притиснете ја околу 30s, после тргнете ја пеглата макнете ја плочата пак во вода, пак пеглајте , пак макнете ја и овајпат убаво со пеглата поминете преку цела плоча за секој случај да не не излезе негде. После пеглање макнете ја плочата во вода и пополека извадете ја хартијата, ќе видите дека е залепена, потријте ја малку и ќе излези цела, ставете ја во раствор и ќе видите супер резултати
со малку обиди ќе добиете супер плоча.
извинете за офф..
Jejjjj ajде аирлија работа и јас се научив да правам плочки јесссссс
.Методот кој го користев е на девил(благодарност многу до него за споделбата),од трета мајка тргна работата,иначе layout-ите не беа добри,ама добри беа за тест
.Иначе сколс не се добри дупло помали испаднаа од оригиналот така да со нив тестирав.Земав со обични листови,испечатени на фотокопир!И првиот пат беше со оригиналот пик кит,ама не испадно добро многу бледо беше изгледа дека не стискав многу
,вториот пат добро беше,ама ќошевите ги немаше
,а третиот пат испадна супер,само 2-3 вода имаше прекинати,ама ако според мене добро е од трета мајка
.Ама не застанувам,денеска има цел ден да тестирам,да се навежбам,плочки да правам хахаха
.Ете ако не знаел некој,можело и со фотокопир да испаднат!