Author Topic: Печатење на плочки, трансвер хартија, сито печатење и с.л.  (Read 106869 times)

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Одг: Печатење на плочки, трансвер хартија, сито печатење и с.л.
« Reply #165 on 04.12.2010, Saturday, 21:52:41 (Edited 04.12.2010, Saturday, 21:57:10) »
а нема да се стопи и да се залепи шеќерот на бубњот на принтерот? ???
Инаку еве сега како правам плочки со УВ,жива сода и киселина со хидроген!Еве клип

 DIY Printed Circuit Board PCB Making HHO PWM Part #1

Offline laze

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 125
  • Gender: Male
декстринот  не е шекер  :)

Offline Sajko

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 126
  • Gender: Male
јас имам правено вака!Со Инк џет принтер ХП!Баш вчера на  Гига му кажав дека имам само една плочка направено!Но има проблем околу тоа дека ако имате тенки водови не испаѓаат!Имам правено плочка 2цм*4цм! ама мене принтерот ми се изгуби тоа одпозади,плочката и сега принтерот не ми работи!
Па дај објасни подетално како со инк-џет, скоро сите имаме дома:)
R135
└┼┼┤
  246

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Имафте 2 теми отворено за печатење и правење на плочи
е сега двете се споени во една, со што насловите останаа различни ( намерно ) за да си знеаете кој каде пишал последно
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
принтер користев ХП оние што се хоринзотални што прави хартијата цел круг,но дека плочката не е лист хартија најдов начин како да пројде плочката низ тркалата и да ја испечати!Одпозади има една како брава која хартијата ја усмерува кон главите што прскаат боја,нејзе ја исеков,така што одпозади направив дупка т.е. ја исеков со рам пила таа брава колку да пројде плочката,за да стои плочката додека се печати поставив иверица(од старата кујна :D) и плочката додека се печати си стои на иверица!Првин ја исчистив со ацетон и убаво ја изгланцав со астра жица,и ја пуштив на печатење.Во ПДФ фајл ја печатев директно на принтерот!Првин пуштив обична хартија и потоа ја позиционирав плочката!Откако ја погодив,пуштив да се печати!Ама не испадна добро бидејќи ситни беа водовите,ситни беа!А плочката мала!Ете така направив,но еднаш печатев вака,за жал :'(! >:( Исто така сега ја изгубив бравата,но на неа имаше едни контакти,но сега не ми работи принтерот! :'( :'(

Offline laze

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 125
  • Gender: Male
као наводно мастилото од принтерот треба да биде на база на пигменти (вакви мастила највеке користат печатарите на епсон ) па после печатење се пече па потоа се става во киселина . Има ли некој пробано вака или нешто слично?

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
јас не ги печев во шпорет,туку на пегла,ја свртев на страната на грејачите и ја вртев!И право во киселина!

Offline Sajko

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 126
  • Gender: Male
Code: [Select]
http://techref.massmind.org/techref/pcb/etch/directinkjetresist.htmАко е ова навистина алал да му е како ги прави!
R135
└┼┼┤
  246

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Малку сум сумјичав за постапката,особено за ставањето во киселина итд.Тоа на видеото не го видовме :) Боите не знам како се понашаат кога се *печат*,ама Епсонот има потенко мастило отколку НР-то,Јас би работел попрво со НР мастило,а ако постои подолго во киселина и пероксид, не верувам дека водовите(потенките) ке испаднат ОК. Сепак мислам дека трансферот со ласер е многу поисплатлив (поевтин) и посигурен.Освен тоа,човеков го растурил печатарот и една грешка  па * отиде јабана*! :D :D Проверено,за серии од неколку десетина плочки најисплатлива е сито-постапката,а фото постапката веке од 50-100 плочки!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам

Јас имам дома за расклопување еден Epson Inc-Jet принтер (е дали има пигментирани бои, не знам, треба да видам според моделот), као демек неисправен (го отворив баш да го видам, го приклучив, работеше, само што не му работеше LPT портот, ама што ми е гајле, има и USB приклучок, ама пошто „западњаци“ ми го дадоа, го прогласиле за неисправен и као „ако сакаш, земи си го, на нас не ни треба, неисправен е“ ;D), па со него може да го пробам ова (да го расклопам цел и да пробам), ако го зезнам, не ми претставува проблем, и онака не планирам да го користам за принтање, многу скапи се боите, па ќе иде за „фурда“ ;) ;D. Ама ова во иднина, претходно ќе пробам со тонер траснфер, па после со ова ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Абе не растурајте веднаш печатари,пробајте прво со боја (ете вели црвената е најдобра за тоа!), на плочка нацртајте со четка неколку линии,печете ја и во киселина.Ако издржи- да пробаме и другите.Инаку,имам рефус црвена боја во продавница.... :D :D :D,ама нема микроталасна...... >:( Ке ја ставам на рингла,за проба.... ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Абе не растурајте веднаш печатари,пробајте прво со боја (ете вели црвената е најдобра за тоа!), на плочка нацртајте со четка неколку линии,печете ја и во киселина.Ако издржи- да пробаме и другите.Инаку,имам рефус црвена боја во продавница.... :D :D :D,ама нема микроталасна...... >:( Ке ја ставам на рингла,за проба.... ;)

Чекај, затоа реков ова ќе се проба во иднина, јас не знам ни како се полнат тонери ;D. Прво тоа треба да научам ;D. Сигурно има илјадници туториали на net, ама треба и сам да провам ;).

А инаку чисто колку за информација, колку чини рефус боја (знам дека црната е најевтина, ама колку се другите ???).

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059

Eптен лесно иде пунењето на тонери,само во еден шприц ќе ставиш боја и после кај тонерот,таму кај што му е налепницата,што пишува кој број е едно друго и испод нејзе има мало дупче епа таму со шприцот ќе ја ставиш бојата и тераш ;D ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Eптен лесно иде пунењето на тонери,само во еден шприц ќе ставиш боја и после кај тонерот,таму кај што му е налепницата,што пишува кој број е едно друго и испод нејзе има мало дупче епа таму со шприцот ќе ја ставиш бојата и тераш ;D ;D

Хммммм, не сум знаел ;), фала ;). Сега уште да си купам боја и да терам, мада мислам дека има уште малку боја во овој што и го дадоа, па може и со неа да пробам, па после да докупам/купам боја ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еееее,сум видел такви * полњачи* мноооогу! Ама после идат и *плачат* :D :D :D :D :D
Треба точно да знаеш колку,каква боја се користи,Важно е по полека да ја шприцаш бојата и да не го бодеш многу длабоко сунгерчето во кадичката,оти може лесно да го растечеш! :D