Author Topic: Проблем со програмирање на пик!  (Read 11852 times)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
досега пробав 3 различни порграматори сите се базирани на јдм но со ниту еден немав успех, најверојатно има проблем со софтверот? вие што ке речете да правам пик кит2 клон или? и дали ке може да порграмира пик16ф628?
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
pic16F628 е малку карактеристичен за програмирање, побарај имаше една шема од BorceBt, таму тој имаше ставено некој измени за овај пик
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
досега пробав 3 различни порграматори сите се базирани на јдм но со ниту еден немав успех, најверојатно има проблем со софтверот?

Не, најверојатно имаш проблем со COM портот. Освен ако не пробуваш на две или три различни машини, тогаш да, најверојатно имаш проблем со софтверот. Ако Vpp ти го вади ОК, би требало и Vpp да биде. Пробај го тоа со диодата и кондензаторот што ти го пишав.

Меѓу пин 7 (RTS) и пин 5 (GND) од DB9, стави една диода 1N4148 врзана со катодата на пин 7 и еден кондензатор од 100uF/25V во серија со таа диода врзан со негативниот извод за анодата на диодата, а другиот извод од кондензаторот (позитивниот) врзи го за пин 5 (GND) од DB9. Мери колкав е е напонот меѓу пин 5 и пин 7. Повторно, треба да биде над 5V (12V е идеална ситуација).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
еве пробав тоа, и има напон од 0.8в, нема ни волт >:( сега прашањето е што не е во ред со портот бидејки пробав и на друг компјутер и не работеше?  што би можел да е проблемот сега?
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
А на другиот компјутер, кој оперативен систем има инсталирано?
Жан

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
на другиот компјутер имаше windows xp. и ми се појавуваше истата порака.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
еве пробав тоа, и има напон од 0.8в, нема ни волт >:( сега прашањето е што не е во ред со портот бидејки пробав и на друг компјутер и не работеше?  што би можел да е проблемот сега?

Пробај го истото со диодата и кондензаторот и на друго PC. Ако и таму исто јавува, изгледа не е портот проблематичен, изгледа некое подесување во софтверот е проблематично. На пин 7 (RTS) од DB9 треба да даде наизменична поворка од правоаголни импулси кога ќе стиснеш на program. Значи сите овие мерења се прават кога ќе стиснеш program во софтверот за програмирање. Претходно, не би требало на тие излези да дава поворки од имупулси. Затоа се става диодата (за да ги пропушта само негативните импулси) и кондензаторот (за да го исфилтрира напонот, да го направи еднонасочен и преку зенер диодата од 5.1V, да му го даде како напојувачки напон на PIC-от). Наједноставно ќе го увидиш проблемот ако имаш осцилоскоп и ако можеш да ја видиш поворката од импулси. Некои контролери го сметаат и нивото од 0V за валидно ниво за негативните импулси и не ни даваат негативни импулси на излез, туку само позитивни. Тоа треба да се анализира.

А да пробаш со други компоненти? Можно е компонентите да ти се зезнати, на пример, кондензаторот да е во краток спој или нешто слично.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
да можев да пробам на другиот компјутер. го пробав кај еден другар, така да кога ке одам пак накај него ке пробам тоа и ке пишам. инаку ти кој софтвер користиш за програмирање, ако користиш winpic800 дај еден screenshot  да видам како треба да изгледаат hardware поставките, секако ако не те мрзи  ;D ;D инаку ако ова не биде, што да правам, пик кит2 клон или да си земам ардуино?
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас користам PICkit2 Clone, така да, џабе ќе ти биде screen shot ;D. А претходно, само еднаш или два пати имам користено COM програматор и беше многу одамна, пред 7 или 8 години... не ми текнува ни кој софтвер го користев, а за подесувањата, па ич па ;D. А јас не го ни подесував, еден пријател мој ми го даде и ми рече, по default подесувања (на кој софтвер и да беше) се ОК, пробав, се испрограмира PIC-от и тоа беше тоа, потоа му го вратив програматорот.

Ако ова не успееш да го проработиш, направи си PICkit2 Clone и не му ја мисли многу ;). На USB се врзува и нема да имаш проблеми и за лаптоп да го врзеш ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
ама дали ке може да програмира пик16ф628 или други пикови коишто бараат поголеми напони?  ???
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
ама дали ке може да програмира пик16ф628 или други пикови коишто бараат поголеми напони?  ???

Поголеми напони ???. Како мислиш поголеми напони ???.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Проблем со програмирање на пик!
« Reply #41 on 29.08.2013, Thursday, 19:54:14 (Edited 29.08.2013, Thursday, 19:58:33) »
епа нели за да се програмира пик 16ф628 му требаат околу 12 волти. во секој случај да го оставиме тоа, ке може овие два пик16ф628 и пик16ф84а да се програмираат со пик кит2 ?  ;D кажи да знам, ако го бива да собирам пари и да го правам.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Дефинитивно вреди да се направи PICkit2 програматор.
Жан

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
епа нели за да се програмира пик 16ф628 му требаат околу 12 волти. во секој случај да го оставиме тоа, ке може овие два пик16ф628 и пик16ф84а да се програмираат со пик кит2 ?  ;D кажи да знам, ако го бива да собирам пари и да го правам.

само постарите верзии на pic бараат повисок напон и тој е негде околу 13V, програмски напон, со пик кит ќе можеш да ги програмираш, скоро сите пикови, освем поновите верзии кој не се поддржани во софтверот и одредени пикови кои бараат малку поинакви услови за програмирање :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со програмирање на пик!
« Reply #44 on 29.08.2013, Thursday, 21:38:15 (Edited 29.08.2013, Thursday, 21:40:33) »
епа нели за да се програмира пик 16ф628 му требаат околу 12 волти.

Не се секирај, си го генерира тој напон преку осцилаторно коло (поточно, инвертор кој го дига напонот од 5 на 12V) ;).

епа нели за да се програмира пик 16ф628 му требаат околу 12 волти. во секој случај да го оставиме тоа, ке може овие два пик16ф628 и пик16ф84а да се програмираат со пик кит2 ?

Да, дефинитивно може ;). А може и многу други, дури и 3.3V-ни PIC-ови ;). Како што пиша Devil, не може да ги програмира само најновите PIC-ови, кои и онака ретко може да се начекаат во DIY проекти ;).

Во секој случај, само пази случајно да не ги преспоиш GND и Vcc бидејќи тие напони ги зема директно од USB портот, па можно е да го „спржиш“ напојувањето на PC-то ;D. Повеќето напојувања имаат заштита од краток спој, ама не се ослонувај на ова ;D.