Верувај, крајната „потрошувачка“ на крајот ќе биде поголема
... ако се додаде цената на изгорените сијалици поради краткиот интервал на „пали-гаси“, потрошувачката ќе биде поголема
. Само што ова тешко може да го објасниш на луѓе кои не се разбираат во техника
. Тоа е проблемот :S.
Ако навистина сакаат да заштедат, нека поставуваат сијалици од 25W или 40W по спратовите. Овие сијалици и онака поретко горат (помалку се загреваат, поради помалата потрошувачка, па следува дека и поретко горат
). И онака тоа осветлување не служи за ништо друго освен за да влезеш и излезеш од станот, за да не промашиш некоја скала при симнување, за да ја погодиш вратата на лифтот (ако го има), за да си ги најдеш клучевите или нешто слично
. Повеќе од 25W сијалица, верувај, не треба за овие работи
. Никој не чита книга во ходник од зграда
. Еве, јас по дома во ходниците поставив сијалици од 25W
. Што ќе ми е повеќе осветлување за поминување низ ходник
. Јаки сијалици имам само во собите
. Исто поставив 25W-ни сијалици и во купатило
. Не ми треба повеќе осветлување во повеќето случаи
. Понекогаш им треба на жените, за шмикање, дотерување, ова она, ама и тоа лесно се решава
. Повеќето купатила имаат огледало со додатно светло
. Стави и таму една сијалица од 25 или 40W и супер ќе си се гледаат
.