Author Topic: ResCalc 1.2  (Read 1380 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
ResCalc 1.2
« Opened on 24.08.2013, Saturday, 18:35:17 (Edited 24.08.2013, Saturday, 18:37:35) »
Со ова малечко програмче може да пресметувате кои два отпорници ви се потребни за редна или паралелна врска за зададена вредност ;). На пример, според определени пресметки, потребен ви е отпорник со вредност од 768K и притоа, вредноста не смее да биде многу помала или поголема од оваа (значи потребен ни е определен прецизен отпорник). Но, на располагање (од материјалите што ни се „по дома“ ;D) најчесто имаме само отпорници со толеранција од 5%, односно од E24 серијата, а во неа, нема отпорник од 768K. За конкретниов пример, лесно можеме да забележиме дека отпорник од 750K и отпорник од 18K спаѓаат во E24 серијата, па се гледа дека со врзување на два во серија, ќе ја добиеме очекуваната вредност ;). Но, сепак, за некои вредности на отпорности при нивно пресметување, ова и не е баш толку очигледно, а особено не е очигледно ако имаме потреба од паралелна врска на два отпорника. Ова програмче за зададена вредност на отпорност, ни враќа вредности за сериска или паралелна врска на два поторници од E24 или E96 серијата (се избира) и притоа, ни враќа три различни ситуации: Next lower, Best match и Next higher, при што за секоја од ситуациите е наведена и грешката изразена во проценти (се разбира, при оваа пресметка не се зема во предви толеранцијата на самите отпорници), како и дали таа пресметана вредност е за сериска или паралелна врска на R1 и R2 ;).






permanent download links:

Code: [Select]
https://app.box.com/s/upe88bdwyuqayv53uh19
Code: [Select]
https://www.megacloud.com/s/1dCY4YQbY90/ResCalc_1.2.rar
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."