Вака ќе направиш. Ќе најдеш унимер кој може да мери струја до 20A, но унимерот мора да има PC интерфејс (дали преку COM, дали преку USB, не е важно, важно е да има). Ако унимерот има auto range на мерење на струјата, исклучи ја оваа опција, постави го на manual range и стави го на подрачје да мери струја со јачина до 20A. Ќе си го поставиш унимерот на картингот, прицврсти го со нешто (изолир банд прво ми текнува на памет) и вози го картингот определено време. Паралелно, ќе го имаш врзано истиот унимер со лаптоп (нека ти седи лаптопот во скут
, за секој случај, може и да е затворен, но притоа да е подесено ако е затворен да не оди во sleep mode, туку само да се гаси екранот, лаптопот да си работи). Софтверот кој е наменет за исчитување на временските вредности од унимерот ќе го подесиш да ги јавува вредностите како временска крива (да зависат од времето). Вози си го така картингот некое време, каде и да си планирал да одиш и откако ќе завршиш со возење, отвори го лаптопот, изгаси го програмот и зачувај ја кривата. Потоа, со помош на софтверот, пресметај ја средната вредност на истрошената струја (овие софтвери најчесто имат таква опција, да пресметуваа средни вредности, итн.). Добиената вредност подели ја со капацитетот на акумулаторот и ќе добиеш колку часови би терал картингот пред да се истроши акуматорот. На пример, си добил средна вредност 3.28A, а капацитетот на акумулаторот е 100Ah, што значи дека според пресметката, картингот би терал 100Ah / 3.28А = 30.48h
.
Ако унимерот има мемориска функција и може да „снима“ вредности во определен временски интервал, тогаш функцијата на лаптопот може да се елиминира и може да го оставиш само да снима вредности и на крајот од сите нив да прсметаш средна вредност (mean value, оние унимери кои може да снимаат, најчесто може и да прават пресметки со добиените вредности
).
Околу наоѓање на ваков унимер... не можам да ти помогнам, sorry
.