Ако ставаш,еве како треба.Ова првата шема со ИК во раздвојниот степен,или вторава подобра варијанта ,која е и поосетлива.Ако ставаш на секој канал,нека биде после гејнот за да си обезбедиш реална индикација (што поблизу до влезот).
Споено мислење: [time]23 Август 2013, 15:57:27[/time]
Нема везе дали е потенциометар или лизгач. Еве ставив мој испитан пик индикатор кој работи извонредно добро само ке мораш да го наштелуваш со тримерче на она место означено како потенциометар. Јас најчесто го штимам да биде на 0.75V (0dBu). Не се секирај нема да го смени звукот затоа и е ставен оној бафер напред. Сигналот за индикација препорачувам да го ставиш на крајот од секој канал бидејки ке биде афектиран и еквилајзерот.
За жал има многу веза дали е лизгач или кружен потенциомерат.Но,не сакам сега да се натегаме околу тоа и бескрајно да спориме.Оние кои работеле ,разбираат што сакам да кажам.Во секој случај ,барем повеќето посолидни апаратури користат лизгачи и од нив во најголем случај и зависи квалитетот и цената на уредот.Но,добро ,секој со своето мислење,ама за ова последново дека лед за пик се става на крај на каналот, тоа е скроз погрешно.Прво ,диодата која го покажува пик-от на влезниот сигнал треба да биде поблизу до влезот бидејќи таа треба да го *мери* влезниот сигнал и тоа нема врска со оние 0 Db,ами се одредува во зависност од големината на сигналите кои ги носиме на влез.Кај профи миксерите дури има потенциометар за дотерувањена пик-от,значи нивото може да се контролира однапред.Но,да не должам,еквилајзерите,бојата на тонот и сл. треба да има појачување 1, односно не смее да влијае врз излезниот сигнал ( бојата не смее да појачува или намалува сигнал!) Спрема тоа ,накрај,односно на излез на каналот може да се стави S-метар или VU-метар со ЛЕД или инструмент со стрелка.