Е,да не мешаме поими,се работи за пик-метар,односно во случајов - ЛЕД која ке покажува до кој степен е преоптоварен влезот на тој канал.Значи,во зависност дали влезот е микрофонски или е линиски ( може да се реши со преклопник,склоп со гејн контрола или на трет начин) се предвидува до кој степен може да оди сигналот на влезот,за да не дојде до преоптоварување кое се слуша како изобличен сигнал,фонија и сл.Значи битно е со какви сигнали работите .Професионалните миксери на влез имаат и атенуатори во вид на преклопници ,прекинувачи итн. со чија помош се нивелира сигналот .Реков дека професионалците користат и посебни влезни регулатори со кои можат да го менуваат нивото на сигналот.Затоа ПИК-от се мери на влезот,а не на излезот на секој канал.И да е шиберот на минимум,треба да се знае дали има присуство на сигнал на каналот и колкав е тој! ЛЕД треба да мига ,а не постојано и јако да свети,кога се јавува преоптоварување и изобличување на сигналот.Добро е да се има и прекинувач со функција *mute* на секој канал, за да се блокира каналот од непотребните транзиенти при вклучување,Исто така е добро да се направи,макар и на самоградителските миксери,систем за преслушување на секој канал поединечно,кој е од голема корист ,особено во ситуации кога се работи со повеќе влезови,истородни сигнали,чии нивоа треба да се доведат до исто ниво.За крај да напоменам дека е добро да се има на излез од каналот,а пред мастерот и VU метар .Скапа работа е за секој канал посебно,ама со преклопници може да се направи еден добар VU метар ,кој ке ви даде јасна слика како оди сигналот иако мастерот не е кренат.