Author Topic: Резервно осветлување  (Read 2408 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Резервно осветлување
« Opened on 18.04.2010, Sunday, 22:06:14 (Edited 30.05.2018, Wednesday, 03:01:37) »
Како што кажува насловот во тек ќе проследите едно мини проектче ( ако можи да се нарречи така )
за резервно осветлување

Пред да започнам со некој кратки објаснувања прво би сакал да му се заблагодарам на BorceBT за неговата помош околу проектот  :)

Проектот е изведен со елементи кој можат сегде да се најдат лесно а не со делови кој ги нема или тешко се ноѓаат во продажба.

Цел проект е составен од 3 дела и тоа:

1. Напојување
2. Контрола
3. Осветлување

I дел  Напојување

Напојувањето е така дизајнирано да не се користат некој скапи трансформатори или чудни делови ;D

Шема:



Како работи:
Наизменичниот напон од мрежата преку реактивен спој со отпорник и кондензатор, а по потреба и дополнителни кондензатори ( максимално 5 да се вкупно ) се донесува до диодите односно до грецовиот спој за цел браново исправување на напонот. Понатаму оди према кондензаторот C2 кој служи за филтрирање односно „пеглање“ на напонот и преку зенер диодата кој треба да биде 5W за да не ви „зоврие “ се исправува на потребниот напон од 15V. На шемата над кондензаторот C* ма додадено повеќе, тоа е за зголемување на струјата, во зависност од тоа колку кондензатори има толку поголем струја ќе има, ама вредноста на овие кондензатори не смее да надминува повеќе од 5 кондензатори  ;D

1 кондензатор од 1uF/630V ви обезбедува струја од 60mA, со додавање на дополнителни се зголемува струјата но не смее да надмине 300mA пошто ќе стане опасно ќе почнат да се топат кондензаторите и да пукаат....
затоа наведено е до 5 максимално такви кондензатори.
Отпорникот R3 служи за празнење на кондензаторите за да не ве фаќа струја кога ќе го исклучите уредот :D
ВНИМАНИЕ уредот цело врме е на мрежа од 220В и бидете претпазливи, нема оделување со трансформатор и при најмала грешка (допир на колото со рака) може да дојде до фатални последици!!! Колото во рабора не смеете да го допирате!
Двата отпорници од 10 оми мора да бидат од по 5W жичани, тие служат како струјни ограничувачи на старт и еден вид на осигурувачи.

II дел Контрола

Контролата е ептем проста не се користат некој скапи елементи составена е од 2 транзистори, два оттпорници, 2 диоди и едно реле кое работи на 12V.

Шема:



Како работи:
Кога имаме струја тогаш работии напојувањето што доведува да и транзисторот Т1 е уклучен. За да се поларизира тразнисторот за да проведи е потребно на базата да се доведен некој напон, тоа е изведено преку отпорникот од 10к односно R1. Со самото поларизирање на овај транзистор се доведува да преку базниот отпорник се отовра и Т2 транзисторот што го активира и релето. Транзисторите можат да бидат каков било тип не мора од шемата важно е да издржуваат до 300мА струја да протече низ ним ( иако не течеи толку )
Се додека имаме струја и напојувањето работи ќе работи и оваа контрола, значи релето ќе биде така споено да напојувањето оди кон акумулаторот и тој се полни, бидејќи имаме мала струја тој ќе се полни споро ама тоа нас не ни е многу битно бидејќи ќе има доволно време за секогаш да биде пол :D ( не снемува толку често струја ).
Доколку снема струја се исклучува напојувањето а со тоа се префрлува и релето, со ова сега цела енергија на акумулаторот оди према инверторот кој ја побудува неонката.

III дел Инвертор и осветлување

Изработен е прост инвертор со делови кој се наоѓаат лесно сегде и е лесен за изработка, не ви е потребен некој посебен трансформатор или пак некоја пригушница.

Шема:



Како работи:
Кондензаторот C1 и отпорникот R2 се поврзани така што претставуваат осцилаторно коло, отпорникот R1 служи за ограничување на светлината ама тоа не ви е битно сега вас :D
Осцилатороното коло го побудува транзисторот T1 и тој започнува да осцилира со тоа се индуцира струја во трансформаторот и таа се пренесува на другата страна каде што имаме приклучено неонка .
Трансформаторот е нај обичен мрежен трансформатор 2x 9V према 220V 30W, ова е доволно за да се користи некоја неонка од 15W, намерно е искористен ваков трансформатор со помал напон на секундарот за да може да се добие после поголем напон на примар за да не мора да се користат пригушници и стартери.

Ми се чини дека негде овај склоп ќе пронајде некоја употреба, се разбира може да најдите вакви работи и на пазар, ама сопственото направено е поубаво и со ќеф правено не би можеле да го замените :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Резервно осветлување
« Reply #1 on 19.04.2010, Monday, 01:05:32 »
Колку Аh е акумулаторот??? иначе браво...јас баш сакав вакво нешто да си направам...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Резервно осветлување
« Reply #2 on 19.04.2010, Monday, 01:08:06 »
Изборот на број на кондензатори на влез зависи од изборот на акумулаторот: За обичен акумулатор од автомобил (45-55Ah) ќе требаат сите 5 кондензатори да се ставени а за помали акумулатори (како оние од компјутерски UPS-црните) доволно е 1 или 2.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Резервно осветлување
« Reply #3 on 19.04.2010, Monday, 01:36:58 »
еееех, тоа со 45Ah е више претерано....ја МИСЛАМ дека поубаво би било со лед диоди....ем помалце трошат ем не ти требаат трансформатори и такви работи...am i right???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Резервно осветлување
« Reply #4 on 19.04.2010, Monday, 10:35:21 »
може и така да се изведи, за таа цел отпаѓа делото со релето и инверторот
а акомулаторот се приклучува пред транзистори :D
ако стигнам ќе нацртам
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Резервно осветлување
« Reply #5 on 20.04.2010, Tuesday, 21:29:22 »
По барање на членовите мала измена
сега имате и шема за со лед диоди ( слика подолу )
значи не ви треба делот со инверторот
се останува исто освем некој мали измени во контролата и напојувањето
односно наменето е сега за батерии од 9В и зенер диодата од напојувањето треба да биде малку помала да не е 15В туку негде 10В
шема


п.с за ова не сум сигурен колку ќе работи  ;D


Исто така изработив и едноставен индикатор за напон кој е наменет за проектот со акумулаторот од 45Аh и инверторот, се состои од тоа што во зависност од напонот на краевите на акумулаторот свети една диода, ако е помал од 12В свети црвената диода, ако е преголем свети жолтата, а ако е 12 +/- нешто свети зелената диода, со ова секогаш ќе можите да се кординирате во каква состојба ви е
истото може да се пренамени по потреби со замена на вредностите на зенер диодите и некој отпорник :D
шема
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Резервно осветлување
« Reply #6 on 02.08.2010, Monday, 19:57:44 »
Devil ќе може ли да ми кажеш со кој програм ги црташ шемите и ако може да ми дадеш линк да го симнам ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Резервно осветлување
« Reply #7 on 03.08.2010, Tuesday, 08:41:03 »
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Резервно осветлување
« Reply #8 on 03.08.2010, Tuesday, 09:32:38 »
Jас го симнав ама не можам да ги сочувам шемите бидејки е DEMO верзија.А иначе ти како ги прикачуваш шемите го имаш Full version. :)
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Резервно осветлување
« Reply #9 on 03.08.2010, Tuesday, 12:08:12 »
Тука не можеме да ти помогнеме, мораш сам. А инаку може да правиш screenshot (Print Screen) од екранот за да ја зачуваш потоа шемата во Paint (Paste).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline goran_elektro

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 205
Одг: Резервно осветлување
« Reply #10 on 13.01.2012, Friday, 16:17:58 (Edited 13.01.2012, Friday, 16:20:24) »
Здраво,сакам да прашам дали само 3 лед диоди мозе или мозе и повеке околу 35-40 лед диоди со батерија од девет волти , и сакам да прашам дали мозе да се направи некако со акумулатор од 6волти зашто го имам на лагер?????Благодарам многу

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Резервно осветлување
« Reply #11 on 13.01.2012, Friday, 16:51:21 »
ако ги замениш транзисторите за да крепат поголема струја, да тогаш би можел да ставиш толку ледиоди со тоа што ќе ги групираш паралелно и ќе им ставаш отпорник за ограничување на струјата

да можеш да користиш и таков акумулатор со тоа што напојувањето поточно полначот ќе го преправиш да дава 7-8 волти за да се полни акумулаторот
на батерија незнам колку би држела таа од 9В, верувам дека за кратко време ќе се истроши
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!